11.8 C
Скопје
15:09 - 20 февруари, 2026

Кафуле во Австрија служи само невакцинирани: Сопственичката го игнорира дури и апелот на градоначалникот

Во кафуле во австрискиот град Штробл на езерото Волфгангсеј во покраината Салцбург, колачи и кафе можат да добијат само лицата што не се вакцинирани против ковид-19, пренесува магазинот „Феникс магазин“.

На прашањата зошто вакцинираните луѓе не се добредојдени, сопственичката на кафулето не сака никому да одговори. Ниту на австриските медиуми, ниту на градоначалникот, општините, ниту на туристичките работници во Штробл, кои се дистанцирале од неа.

Можеш само да се смееш, да го мислиш своето и да апелираш до гостите да не одат таму. Бидејќи тоа не одговара на нашите упатства,  рекол градоначалникот на Штробол, Јозеф Вајкингер, истакнувајќи дека не му се допаѓа однесувањето на неговата сограѓанка, но дека нејзината постапка „не е незаконска“.

Австријците веруваат дека пандемијата на коронавирусот остави траги во општеството што доведуваат до раскол и јаз.

Политикологот Рејнхард Хејниш смета дека таквото однесување е опасно бидејќи општеството и демократијата се состојат од согласност и легитимност.

Тоа, се разбира, е огромна опасност бидејќи општеството и особено демократијата се состојат од согласност и легитимност. А, ако политичките одлуки веќе немаат легитимност, тогаш повеќе нема ниту демократија. И сѐ повеќе луѓе почнуваат да се одвојуваат од општеството, рекол политикологот Хејниш.

Австрискиот експерт смета дека случајот со кафулето за невакцинирани во Штробл е многу симптоматски за сѐ пораширената појава на дистанцирање на многу луѓе од класичниот општествено-политички и здравствен систем.

Тој појаснува дека колку што повеќе луѓето се одвојуваат од општеството, сѐ помалку одлуки ќе бидат во нивна смисла.

Силвија Траунвајзер, професорка по филозофија на правото на Универзитетот во Салцбург, смета дека ковид-пандемијата го разединува општеството и општествениот живот, влегува и во многу други пори на општествениот живот и може да предизвика конфликти помеѓу вработените во компаниите или во семејството, но и да доведе до распаѓање на пријателствата.

Во Австрија вакцинацијата против коронавирусот воведе раздор, како и во многу општества. Луѓето се поделени на вакцинирани и невакцинирани, а сѐ почестото спомнување на привилегиите за вакцинираните придонесува за екстремни однесувања.

Слични објави

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо
Се вчитува....