2.8 C
Скопје
19:43 - 23 декември, 2024

Каде е Меланија Трамп во екот на судењето на Доналд: Еве каде живее, што прави и со кого е најблиска

Instagram

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76) во вторникот се појави на суд, откако официјално беше уапсен. Трамп беше обвинет по 34 точки од обвинението и се изјасни за невин. На тајкунот му се суди за измама на парите што наводно ѝ ги исплатил на порно ѕвездата Сторми Даниелс за таа да молчи за нивната врска. Нивната љубовна афера се случила за време на претседателската кампања во 2016 година, додека неговата сопруга Меланија Трамп (52) била бремена со синот Барон, кој денес има 17 години и е многу близок со мајка си.

Беше очигледно дека во текот на целиот процес на обвинувања, Меланија јавно не го поддржуваше својот сопруг додека нему му се судеше. Трамп во понеделникот полета за Њујорк, додека неговата сопруга не била во авионот со него. Наместо Меланија, на поранешниот претседател му се придружиле голем број соработници во кампањата, меѓу кои и неговиот син Ерик Трамп, портпаролот на кампањата Стивен Чеунг, долгогодишниот помошник за комуникации Џејсон Милер, поранешниот помошник во Белата куќа Ден Скавино и Борис Епштајн, кој беше во тимот адвокати.
Но каде е Меланија? Според американските медиуми, таа е во вилата Мар а Лаго, од кадешто Трамп неодамна им се обрати на новинарите, поддржувациите и воопшто на нацијата на денот на неговото сослушување во судот. Иако е во истата палата, „таа живее одвоено дома“, нагласуваат странските медиуми. Поранешната прва дама е опишано дека е бесна поради аферата на нејзиниот сопруг со Сторми Даниелс и дека сака да го игнорира тоа прашање. Барем, сè додека може.

52-годишната поранешна прва дама не поднела барање за развод од тајкунот како што предвидуваа и пишуваа бројни светски медиуми ден по нејзиното збогување со Белата куќа (со гарантирана сума од 50 милиони долари за разводот), но живее одвоено дома, во прекрасниот имот Мар а лаго, во Флорида, Палм Бич. Далеку од центарот на вниманието, покрај нејзините родители кои се преселиле од Словенија и 17-годишниот син Барон, сега големо момче кое физички ја надрасна својата мајка, и сè повеќе личи на својот татко, непрепознатлив во споредба со детето на времето во Белата куќа. Ова нејзино тесно семејство е нејзин приоритет.

Родителите на Меланија, Виктор и Амалија Кнавс, се американски државјани од летото 2018 година. Таткото, 79 години, три години постар од Трамп, навистина има импресивна физичка сличност со Доналд, и по градбата и по начинот на кој се облекува. Со Меланија, покрај две три блиски пријателки, е и нејзината постара сестра Инес, дефинирана како нејзина најдобра пријателка. Инес е непозната за пошироката јавност, дизајнерка, сестрите заедно живееа во Милано кога Меланија ја започна својата манекенска кариера.

„Одвоениот живот“ на Меланија од Доналд, вкклучува и престој во различни соби во палатата, дури и ако често вечераат заедно или учествуваат на приватни настани на одморалиштето.
„Таа е среќна што е во Мар-а-Лаго, опкружена со луѓе кои ја сакаат, со кои никогаш не зборува за реалноста или за негативните работи за нејзиниот сопруг“, потенцираат изворите. „Меланија ги сака климата и атмосферата на Палм Бич, среќна е што останува тука, без разлика што ќе се случи со Доналд, таа ќе биде добро“, заклучуваат добро упатените извори за американските медиуми.

Слични објави

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо
Се вчитува....