12:34 - 2 април, 2026

Јелена Ѓоковиќ им се обрати на децата на Никола Роквиќ: Го поддржа пејачот и донираше пари

Никола Роквиќ вчера пристигна во манастирот Свети Нектариј Егински, а Јелена Ѓоковиќ беше меѓу многуте јавни личности кои го поддржаа неговиот подвиг.

Таа на својот Инстаграм профил јавно им се обрати на пејачот и неговата сопруга Бојана Баровиќ, а за неговите три деца имаше силна порака.

– Браво Никола и Бојана и мили дечиња што го издржавте овој подвиг во љубов и благодат за спас на сите семејства и исцелување на општеството. Господ да ве благослови. Овој пат за детска радост – напиша сопругата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Јелена ја поддржа мисијата на Никола и донираше пари во неговата фондација „Фемили“, за што пејачот јавно ѝ се заблагодари.

– Бог на помош драги луѓе, еве 25 ден, јас сум на 22-от километар, го продолжуваме ова патување за детска радост и собираме пари за детска онкологија во Ниш. Би сакал јавно да се заблагодарам на драгата Јелена Ѓоковиќ, која ја поддржа нашата мисија и даде донација од се срце. Јело, поздрави го Ноле, да сте живи и здрави, Господ да ве благослови – рече тогаш Никола при походот од Белград до Егина.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....