32.8 C
Скопје
13:23 - 17 август, 2026

Ја призна вината: Осуден мажот кој го злоставуваше и мачеше синот на Снежана Ѓуришиќ

Марко Гвозденовиќ, син на српската пејачка Снежана Ѓуришиќ, годинава доживеа страшна тортура на Врачар во Белград. Претприемачот од Белград, З.И., вчера признал во Првиот основен суд во Белград дека на 15 февруари, во својот стан во центарот на Белград, заедно со Л.С. и со малоленичка со часови го мачеле и злоставувале Марко Гвозденовиќ.

По признанието во судницата, З.И., со одлуката на судијката Душица Ристиќ, бил осуден на една година домашен притвор, додека постапката против Л.С. (26) ќе продолжи, а постапката против малолетничката веќе се води одделно.

Судијата на З.И. му изрекла и мерка забрана за приближување на Гвозденовиќ на помалку од 300 метри и комуникација со него во следните три години, пренесе српски „Курир“.

Марко Гвозденовиќ за „Блиц“ открил ужасни детали.

Марко во емисијата „Сцена“ рекол дека напаѓачите го принудиле да ја лиже сопствената крв, како и дека го соблекле гол и го принудиле на сексуални акти.

Снежана реагирала многу емотивно кога го видела по пеколот низ кој поминал.

– За првпат во моите 45 години, кога ја видов, жената беше деформирана. Ми рече: „Зошто не ми кажа?“ – рекол Марко за „Блиц“.

 

 

Слични објави

(Фото) Миа Костова во шок! Една година комуницирала со лажен профил, се јавија и мајки на болни деца

Еспресо

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Т.Ц.

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден, изгледа неверојатно во бикини покрај море

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров и Марта ги одбројуваат деновите до најубавата животна улога — вљубени и насмеани уживаат во Охрид

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 август: Бидете внимателни пред да се одлучите на голем чекор

apostolova
Се вчитува....