-4.2 C
Скопје
05:14 - 19 февруари, 2026

Препорачуваме: Изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ до 20 февруари

Во тек е меѓународната годишна изложба „Сè што ни е заедничко“, која можете да ја погледнете во Музејот на современа уметност – Скопје до 20 февруари. Во рамки на изложбата учествуваат 12 светски етаблирани и македонски респектибилни уметници.

Музејот на современата уметност е лоциран на простор кој е органски дел на градската целина во која со години живее ромската заедница, која често е предмет на политичко и општествено исклучување, мисинтерпретации, шпекулации и предрасуди. Целта на изложбата е да ја прошири политичката имагинација вон стереотипната претстава за истата и преку споделено знаење од меѓународно познати и домашни уметници кои се дел од истата, да артикулира поинакви начини на себепретставување, да ги централизира и направи видливи нашироко игнорираните и недостапни маргинализираните наративи за Ромите.

Изложбата нуди можност преку различни прашања во однос на идентитетските политики со кои се занимаваат уметниците Роми, да се изедначат различни општествено-политички гласови и начини на делување во јавната сфера, давајќи видливост на теми кои се исклучени од доминантниот политички дискурс.

Изложбата претставува современи интернационални автори и ги анализира можностите за споделување различни гласови и заедничка грижа во капиталистичкиот локален и глобален контекст.

Уметници чии дела ќе бидат изложени се: Дилејн Ле Бас (Англија), Ахмет Кадри (Северна Македонија), Сеад Казанџиу (Албанија), Лубош Котлар и Роберт Габрис (Словачка), Рома Џем Сешн Уметнички Колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ (Северна Македонија/ Швајцарија/Србија), Нихад Нино Пушија (Босна и Херцеговина/Германија), Андре Јено Рацш (Германија), Емилија Ригова (Словачка), Цеија Стојка (Австрија), Ден Тарнер (Англија), Малгорзата Мирга-Тас (Полска), Дурмиш Ќазим (Северна Македонија).

Поставката се реализира во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....