Jавностa ја запозна Сандра Африка како атрактивна девојка која го придружуваше Миле Китиќ на настапите, а никој, па ни таа самата, не можеше да претпостави дека еден ден ќе стане една од најбараните пејачки.
Доказ за тоа е што Сандра за седум месеци настапување ќе заработи 512.000 евра. Како што изјави за медиумите еден менаџер, Африка работи напорно и настапува, а се случува секоја недела да пее во неколку различни земји.
„Сандра секогаш работи со полно работно време, се случува да има пет настапи неделно во пет земји! Таа зема по 7.000 евра по тезга, а со оглед на тоа што има закажано дури 61 настап низ Европа од јули до крајот на јануари, ќе заработи дури 427.000 евра Сепак, тука не е крајот на заработката. Сандра за новогодишната тезга во Германија барала 15.000 евра, а 10.000 евра за репризата во Белград“, открил менаџерот.
Со овие тезги се пофали и Сандра Африка на Инстаграм, но наводно молчела дека во октомври настапувала на приватни забави, каде собрала дополнителни 60.000 евра.
„Во октомври пееше на приватни забави кои се понапорни од класичните настапи бидејќи често пее цела ноќ без пауза. Тоа ѝ се исплатеше затоа што добила добар бакшиш. Така од шест такви тезги заработила најмалку 60.000 евра“, додал менаџерот.
Тој открива колку ќе биде „тешка“ Африка по новогодишните и божиќните празници: „Според моја проценка, Сандра за седум месеци ќе заработи 512.000 евра!