13:31 - 10 ноември, 2026

Издаден налог за апсење на Путин поради воени злосторства: Еве за кои злоторства се терети Владимир Путин

Предистражниот совет 2 на Меѓународниот кривичен суд одлучи издаде два налога за апсење против Владимир Владимирович Путин, претседателот на Русија, и против Марија Алексеевна Лвова-Белова, руски комесар за правата на децата во Кабинетот на претседателот на Руската Федерација.

Во налогот за Владимир Путин се наведува дека тој лично или заедно со други ги извршил следниве кривични дела:

– Владимир Владимирович Путин, роден на 7 октомври 1952 година, претседател на Руската Федерација, наводно е одговорен за воено злосторство илегална депортација на населението (деца) и нелегално преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина во Руската Федерација (според членовите 8(2) (a)(vii) и 8(2)(b)(viii) од Римскиот статут). Злосторствата, наводно, биле извршени на украинска окупирана територија најмалку од 24 февруари 2022 година.

Постојат разумни основи да се верува дека г. Путин сноси индивидуална кривична одговорност за горенаведените злосторства, (i) затоа што делата ги извршил директно, заедно со други и/или преку други (член 25(3)(а) од Римскиот статут) и (ii) поради неговиот неуспех правилно да врши контрола над цивилните и воените подредени кои извршиле дела, или дозволиле нивно извршување, и кои биле под негова ефективна власт и контрола, во согласност со одговорноста на претпоставениот (член 28(б) од Римскиот статут) – стои во налогот на Советот на МКС.

Од Хаг се наведува дека Предистражниот совет II сметал, врз основа на барањето на обвинителството од 22 февруари 2023 година, дека постојат разумни основи да се верува дека секој осомничен сноси одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и незаконско преселување на населението од окупираните територии на Украина на штета на украинските деца, пренсува дневниаваз.

 

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....