21.8 C
Скопје
20:31 - 1 јуни, 2026

Ивана Трамп не му оставила ни долар на Доналд: Луксузниот стан и миленичињата ги оставила на дадилката, еве каде отидоа парите според тестаментот

Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп која почина во јули минатата година откако падна по скалите од нејзината куќа на Менхетен, внимателно го поделила својот имот пред нејзината смрт, пишува Њујорк пост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Trump (@ivanatrumpfan)

Доверливите записи што ги објави „Инсајдер“ покажуваат дека 73-годишната жена им оставила поголем дел од имотот на своите деца – Доналд Трамп Џуниор, Иванка и Ерик.

Но својот сран вреден милион долари на Мајами Бич, Флорида, и кучето ги оставила на нејзината поранешна дадилка.

– На мојата пријателка Сузана Дороти Кари ѝ го давам и го оставам во аманет моето куче, Тајгер Трамп и сите други домашни миленици што ги поседувам во моментот на мојата смрт, се вели во документот.

Ивана дури направила одредби во случај ако Кари умре пред неа. Да се ​​случеше тоа, Тајгер ќе беше доделен на Ерик.

Според „Њузвик“, Кари со децении работела за семејството Трамп. Ивана дури пишуваше за Кари во нејзината книга од 2017 година, „Raising Trump“.

– Со сјај во очите и многу енергија – напишала Ивана во книгата, присетувајќи се на деновите кога Кари почнала да работи како дадилка за семејството.

Подоцна, откако децата пораснале, Кари работела како помошничка на Ивана. „Њузвик“ објави дека Кари, која е по потекло од Ирска, има адреса на живеење во Квинс, иако не е јасно дали таа сè уште живее таму.

„Њујорк пост“ се обиде да стигне до Кари, но бројот поврзан со нејзиното име бил надвор од употреба.

Станот во Мајами Бич има проценета вредност од 1,12 милиони долари, според Редфин. Просторот е опишан како една спална соба со една бања од вкупно 92 квадратни метри.

Изграден е во 2001 година, а последен пат е купен за 635.000 долари, осум години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Trump (@ivanatrumpfan)

Исто така, тестаментот вклучува и барање нејзината гардероба да биде донирана на Американскиот Црвен крст и Армијата на спасот.

Ова барање ја исклучува нејзината колекција на крзна и накит, кои таа побарала да се продаде, а целата добивка да биде пренесена на нејзините деца.

Иако Доналд Трамп не доби ни долар, Ивана му доделила заедничка контрола на нејзиниот имот, кој се проценува на милиони, заедно со децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Trump (@ivanatrumpfan)

Средствата вклучуваат имот во Чешка, имот во Франција и нејзината позлатена куќа на њујоршкио Апер Ист Сајд.

Слични објави

Пејачката шокирана од подарокот на момчето милионер: Ѝ купил стан во Дубаи вреден 3 милиони евра!

Еспресо

Џина се смирила со Харис Џиновиќ? Ќерката на пејачот била видена во вилата на татко ѝ

Еспресо

Почина Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот Халид Бешлиќ

apostolova

Јоксимовиќ за кариерата и емоциите: „Со моите песни луѓето се заљубувале, венчавале и разведувале“

Еспресо

Дарко Лазиќ шокиран поради ситуацијата со Мина Костиќ: „Да е сè нормално, јас прв би бил во психијатриска болница“

Еспресо

По хоспитализирањето на Мина Костиќ во психијатриската болница, Каспер итно пристигна во Белград

Еспресо
Се вчитува....