18.8 C
Скопје
13:00 - 22 октомври, 2026

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

Пред околу една и пол година, пациентката Афаф Елмради беше подложена на комплексна кардиоваскуларна операција, која бараше исклучителна хируршка прецизност, искуство и внимателно планирање. Операцијата  ја изврши проф. д-р Жан Митрев, со што започна еден значаен дел од нејзиниот медицински пат.

Беше извршена реконструкција на аортниот корен со замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза, како и реимплантација на левата и десната коронарна артерија на протезата. Станува збор за комплексна кардиохируршка интервенција позната како Тајрон Давид процедура, со која се реконструира аортниот корен и се заменува заболениот дел од асцендентната аорта, со зачувување на природната аортна валвула кога анатомските услови го дозволуваат тоа.

„Прво имав срцева мака, не ни знаев дека имам мака. Отидов на регуларен преглед кај еден интернист и тој ми рече итно треба да одите во кардиохирургија, инаку ви е многу лоша состојбата. Се јавуваме и ни велат, не, никако таа операција на Државна клиника, туку во Клиника „Жан Митрев“. Дојдов тука, тука ме примија и самиот д-р Жан Митрев ме оперираше, без никакви проблеми, како воопшто да не бев оперирана“, раскажува задоволната пациентка Елмради.

Ваквите операции бараат високо ниво на стручност и прецизност, особено поради комплексната анатомија на аортниот корен и потребата од повторно поврзување на коронарните артерии. Но, нејзиниот медицински пат не заврши со кардиохируршката интервенција.

Во период од само два месеца, пациентката се соочи со уште два значајни ортопедски предизвици. Најпрво, поради скршеница на скочниот зглоб беше подложена на оперативен третман, а кратко потоа следуваше и операција за вградување тотална ендопротеза на левото колено.
Двата ортопедски зафати ги изврши д-р Сашо Младеновски, кој имаше важна улога во третманот на овие две состојби. Реализацијата на двете операции во релативно краток временски период, по претходната комплексна кардиохируршка операција, ја нагласува потребата од внимателно планирање и индивидуален пристап кон секој пациент.

„Четири години ме мавтаа (по клиниките, н. З.), веќе петтата година, по препорака на една моја другарка, слушнавме за доктор Сашо Младеновски. За два месеца имав две операции кај д-р Младеновски што се успешни“, додава задоволната пациентка, заблагодарувајќи му се на целиот тим лекари и медицински сестри и нагласувајќи дека приемот во клиниката бил кралски.

Приказната на Елмради е пример за предизвиците со кои може да се соочи еден пациент во текот на лекувањето и значењето на стручноста, хируршката прецизност и координираната медицинска грижа. Таа потсетува дека современата медицина не се состои само од поединечни оперативни зафати, туку и од внимателно поврзување на различните фази на лекување, со цел зачувување на здравјето, враќање на функционалноста и подобрување на квалитетот на животот.

Стручниот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. За информации или за закажување термин јавете се на тел. 3091 484

(Комерцијален текст)

Слични објави

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо
Се вчитува....