08:58 - 13 ноември, 2026

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Познатата поп-ѕвезда Марија Шерифовиќ привлече огромно внимание на социјалните мрежи со својата длабока и емотивна порака напишана на крајот од нејзиниот престој на егзотичниот Бали, каде што неколку дена помина далеку од дома и од својот син Марио.

Како што може да се заклучи од нејзините зборови, Марија таму престојувала во рамките на посебна група луѓе со кои споделила интензивни животни приказни, стравови и моменти на самооткривање:

„И така… Дојде крајот. Дојдовме овде како странци, секој со својот живот, терет и стравови. Сега се разделуваме како луѓе кои знаат повеќе едни за други отколку оние што нè чекаат дома. Не знам каде ќе нè однесе животот, но за мене повеќе никој од вас не е странец“, порача таа.

Поп-пејачката призна дека на половина од патувањето се прашувала што воопшто прави таму и зошто дошла, но сфатила дека патувањето ѝ донело внатрешен мир и необично чувство дека нешто во неа тивко се променило.

Она што особено ја трогна јавноста е нејзиното искрено признание за немирниот дух и носталгијата кон најблиските:

„Јас сум личност која нема мир, секогаш некаде одам, планирам… Некој би рекол дека бегам. Но, се случи нешто што не го очекував. Првпат не сакајќи да останам уште малку – сакам дома. До мојот син, мајката и пријателите кои веќе за два дена ќе ми ги ‘јадат џигерите’, но денес дури и тоа ми недостига. Можеби тоа се вика мир, а можеби и средба со самата себе“.

Марија на крајот заклучи дека сфатила оти не морала да отиде на друг крај на светот за да пронајде нешто ново, туку за да се потсети колку е драгоцено она што веќе го има дома, порачувајќи дека повеќе нема потреба постојано некаде да брза.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....