21:00 - 11 ноември, 2026

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Популарната двојка Ирина и Павле Камилоски постојано ги привлекуваат очите на јавноста откако ќе објават нешто на своите профили на социјалните медиуми. Семејните фотографии и видеа од оваа фамилија се секогаш во фокус низ медиумите.

Вчерашната објава од свечениот момент е преубава за споделување, се работи за крштевката на малата Лена, нивната ќеркичка.

Тие одлучиле крштевката да ја направат во преубавиот Галичник, од каде што потекнува Павле, а и Ирина често нагласува дека многу го сака овој крај на Македонија.

Честито голема молитва мила Лена – напиша Ирина на стори, во објава на преубава фотографија од внатрешниот дел на црквата „Свети Петар и Павле“.

Ирина во емисиајата „Мамавизија“ зборуваше за тоа дека Лена е крстена по нејзината свекрва.

– Свекрва ми се вика Елена, меѓутоа, Павле уште од многу мал ја викал Лено. Лена, мајка Лена. И мене ми се допадна како звучи кратко име – Лена. Прекрасно име е и Елена, меѓутоа ете Лена затоа што цело време ја викаме тетко Лено, сите со Лена и се обраќаат. Има луѓе што и не ни знаат дека Елена се вика. И така  Лена името го доби по свекрва ми и многу сум среќна – рече таа.

При тоа објасни дека и Јосиф е крстен по нејзиниот свекор и дека е горда што донеле таква одлука околу имињата.

 

Слични објави

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо
Се вчитува....