24 C
Скопје
09:05 - 10 јули, 2026

„Имавме односи пет пати на ден! Милица Тодоровиќ ги откри најинтимните детали за врската со Петар Стругар

Српската пејачка Милица Тодоровиќ ужива во новата љубов.

Според српските медиуми, таа веќе неколку месеци е во врска со бизнисменот Марио, познат во градските кругови, кој избегнува јавно експонирање.

Очигледно Марио целосно „полудел“ од Милица, а ниту таа не останала рамнодушна, што го забележаа и нејзините пријатели бидејќи велат дека пејачката едноставно блеска.

Инаку, Милица претходно беше во врска со актерот Петер Стругар. Во текот на нејзиното гостување во емисијата „Амиџи шоу“, таа откри интересен детаљ од нивната врска.

На прашањето колку пати најмногу водела љубов во еден ден, Милица искрено одговорила:

– Колку пати најмногу сум водела љубов во рок од 24 часа? Можеби пет, шест пати, така некако – истакнала таа, за подоцна да открие дека тоа се случило токму со Петар.

Да потсетиме, Милица и Петар ја прекинаа врската по пет месеци врска, како што тогаш објавија српските медиуми.

Нивната романса започна во текот на снимањето на спотот за песната на Милица „Љубав мање“, каде што се запознаа за првпат.

Пејачката подоцна откри дека токму таа прва го направила чекорот, испраќајќи му порака на Петар на Инстаграм по снимањето.

– Во врска сме три месеци, прво се запознавме, затоа што го позајмив неговиот коњ за видеоспотот, по што му испратив порака на Инстаграм: „Еј, имаш убав коњ“, па имаше разни интересни работи. Тој е многу духовит и ме освои со тоа, дефинитивно ни се поклопија шифрите. Немаше завлекување, кај мене тоа секогаш е сè коректно, но тој прв ме заведе – изјавила тогаш Милица во емисијата „Амиџи шоу“.

 

Слични објави

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо
Се вчитува....