10.8 C
Скопје
17:34 - 29 март, 2026

ИЛОН МАСК би можел да го влоши Твитер, смета БИЛ ГЕЈТС: „Како би се однесувал кон содржините кои велат дека Бил Гејтс „ги следи“ луѓето?“

Instagram

Илон Маск би можел да го „влоши“ Твитер. Ова е стравот што го упати Бил Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт, во неговиот говор на самитот на Вол Стрит Журнал, на кој се зборуваше за  44-те милијарди долари за кои основачот на Тесла постигна договор со одборот на социјалната мрежа Твитер, предизвикувајќи загриженост за растот на дезинформациите кои патуваат низ онлајн платформите.

Во својот говор, Гејтс рече дека е загрижен за причините што би можеле да го наведат Маск да ја преземе власта на Твитер, особено во однос на целта за промовирање на неодредена „слобода на изразување“.

„Како би се однесувале пред содржината во која се вели дека вакцините убиваат луѓе или пред оние кои велат дека Бил Гејтс „го следи“ однесувањето на луѓето? – прашува Гејтс – кои се неговите цели и како тие се поврзуваат со ширењето на лажни вести и теории на заговор? Дали некогаш ќе ги објави јавно?“

Во меѓувреме, според она што е објавено во меѓународниот печат, Илон Маск обезбедил средства во висина од 7,14 милијарди долари за финансирање на неговото преземање на Твитер од група инвеститори меѓу кои е и коосновачот на Oracle, Лери Елисон и Sequoia Capital. Мешу инвеститорите е и саудискиот принц Алвалид бин Талал, кој првично се спротивстави на опеацијата, но сега се согласил да биде дел од договорот со негов удел од 1,89 милијарди долари.

Маск ќе продолжи со разговори и со клучните акционери на Твитер, вклучувајќи го и поранешниот извршен директор Џек Дорси, за да ги вклучи во договорот.

Од Обединетото Кралство пак, доаѓа веста за одлуката на британскиот парламент да го покани Илон Маск на разгвор. Иницијативата ја покренла Џулијан Најт, претседател на комисијата за дигитални  медиуми, со „намера да се постават прашања за идните планови за социјалната мрежа во врска со клучните прашања како што се слободата на изразување и безбедноста на корисниците.

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....