10:59 - 5 декември, 2025

Илајдници евра за Цеца, Лепа Брена, Дара Бубамара… Колку пари ќе заработат балканските ѕвезди за новогодишната ноќ

Најголемата ѕвезда на Балканот, Здравко Чолиќ за настапот во најлудата ноќ во Дубровник ќе заработи дури 130.000 евра, но не е единствениот што ќе заработи големи пари за новогодишната ноќ.

– Некои новогодишни настапи се закажани и една година однапред, а некои пејачи веќе добија аванс. Точно една година претходно, Здравко Чолиќ закажа концерт во Дубровник, каде за три часа пеење ќе добие 130.000 евра! Нема грешка со него, сигурно ќе има многу затоа што го обожаваат сите, и млади и стари – вели менаџерот и додава дека Цеца за новогодишната ноќ ќе добие 100.000 евра.

– Цеца ќе пее на Златибор. Сите врескаа по неа, чест на оние кои успеаја да го закажат нејзиниот настап!

Балканската дива Лепа Брена Новата година ќе ја дочека во Црна Гора во Бар и наводно за таа вечер ќе заработи околу 80.000 евра, додека Дара Бубамара ќе заработи 20.000 евра помалку:

– Иако оваа година ја крена цената, организаторите од Америка веднаш се согласија да ѝ дадат 60.000 евра за настапот во Чикаго. Дара на две недели оди во Америка каде ќе има турнеја, а новогодишната ноќ ќе ја помине во Чикаго. Таму ја обожаваат, па сигурно е дека ќе го наполни клубот.

Најголем број пејачи настапуваат во Белград.

– Белград е епицентарот на забавите, па најдобрата понуда ќе биде тука. Слоба Радановиќ ќе пее во хотел за 40.000 евра, а ист хонорар Џани ќе добие за тезга во сала. Во главниот град на Србија ќе пее и Дејан Матиќ, за 30.000 евра – вели менаџерот.

Слоба Радановиќ таа вечер ќе биде побогат за 30.000 евра.

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....