03:05 - 12 ноември, 2026

Ѕвездата на „Задруга“ е тешко болна: „Пет минути викав дека не можам, ме боли…“

Ѕвездата на реалните шоуа, Рада Васиќ, која јавноста ја запозна во регионалното издание на  „Големиот брат“, а неколку години подоцна и во „Задруга“, јавно проговори за својата борба со тешката болест.

Васиќ учествуваше во реалните шоуа со членовите на нејзиното семејство, а јавноста ја сакаше како грижлива мајка и шоумен.

Сега таа зборуваше за процесот на хемотерапија со нејзиниот поранешен цимер Брендон на неговиот тикток-профил.

„Сакаш ли да ти испратам перика?“, ја праша Брендон.

„Слабо ми е, се потам, не можам да издржам. А како сувенир од тебе – би прифатила… Ме боли, се изморувам, навистина не ми е лесно. Таа хемотерапија е тешка терапија. Пет минути викав ‘Не можам’. Средувам, чистам, па спијам еден час, како да сум пијана. Станувам само за да се измијам“, рече Рада.

„О Радо, сега ме растажи. Многу ми е жал, не знаев дека си толку болна“, ѝ рече Брендон.

„Не сакав да се појавам, не сакав поради мојата коса, имам перика, но не можам да издржам. Носам капи и сѐ тоа, но не можам да носам капа низ дома. Имам добри доктори, ме поддржуваат, ме сакаат, ја примам оваа терапија, доаѓаат болничари, ме носат и ме враќаат. Колку би плачеле ако слушнете дека сум умрела, ако плачете уште сега?“, праша таа.

Да потсетиме, популарната Васиќ вчера се снимаше како ја украсува елката и на сите им ја „честита Новата година во малку поинаква верзија“.

@rada_rade01ovom prilikom zelela bih svima da cestitam Novu Godinu u Malo drugom Izdanje 🫣

♬ original sound – Rada Rade Vasic👑

Таа пред неколку месеци отворено проговори за тешката ситуација во која се нашле таа и нејзиниот сопруг Раде.

„Не е добро. Се разболевме. Во Ниш прави дијализа. Неговите бубрези откажаа. Останавме без пари. Кога мојот сопруг заработуваше – имавме. Имаме куќа, но сега не можам да ја продадам. Оваа состојба се нарекува скапост. Лековите чинат пари. Мораме да ги купиме. Ни треба дополнителна храна. Не можеме да јадеме свинско месо, мора да јадеме телешко, а тоа е прескапо. Секој динар чини“, изјави тогаш Рада Васиќ.

Инаку, нивните синови често ги полнат насловните страници на порталите. Мика и Гиба Васиќ, слатки близнаци и фризери, стекнаа популарност во регионот со појавувањето во регионалниот „Големиот брат“, кој се прикажуваше на „Ер-те-ел“ во 2015 година, но нивните животи драстично се променија откако го променија полот. Ако може да им се верува на пишувањата на српски „Курир“, сега се викаат Ивана и Ана Николиќ.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....