5.8 C
Скопје
04:50 - 1 април, 2026

Храброста се исплаќа: Оваа жичара нуди прекрасен поглед од повеќе од 1.800 метри! (ФОТО)

Дали некогаш сте слушнале за Кабрио? Станува збор за жичара со отворен кров која вози до 1849 метри висок врв на планината Штанзерхорн во Швајцарија, од која се нуди прекрасен преглед на кантонот Нидвалден во средиштето на земјата.

Кабрио има два спрата – долниот дел е во потполност затворен и е направен од стакло за околу 60 патници да можат да уживаат, додека горниот спрат е посебен „балкон“ за оние најхрабрите и овде собира околу 30 луѓе.

Жичарата се движи од станицата Калти која се издигнува на 711 метри, а до која стигнува воз од селото Штанз. Овој воз е во погон од 1893 година, а порано одел до самиот врв.

Кабриолет жичарата почна со работа во 2012 година, со цел на туристите да им понуди еден сосема поинаков вид на уживање во природните убавини на Швајцарија.

Порано на врвот од планината имало хотел, но тој изгорел во голем пожар во 1970 година.

Денеска овде се наоѓа ресторан со неверојатен панорамски поглед на околината, но тој моментално е затворен, јавуваат тамошните медиуми.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....