Овен
На деловно поле, денеска е добар ден за започнување нов бизнис. Ако сте планирале нешто тогаш дефинитивно ќе можете да го истуркате. На љубовно поле, ова е добар ден за сите млади членови на соѕвездието кои сакаат да најдат нова љубов. Здравје: Осцилации во расположението.
Бик
На деловно поле, добар работен ден со сите поврзани со земјите од југот. Странски партнери се заинтересирани за соработка. На емотивно поле, ве очекува нова љубов со Девица или Јарец. Здравје: Внесувајте повеќе течност во вашиот организам.
Близнаци
Премногу сте оптоварени со некои случувања од минатото кои не сте во состојба да ги видите во вистинското светло. Можно е да се каете за некои пропусти или поради тоа што настаните се движат во несакан тек. Верувајте дека можете да се снајдете во ситуација која не е баш така сјајна.
Рак
Се трудите да дадете сè од себе за да ја завршите работата која зависи од другите што побрзо. Не сте во состојба да го направите тоа што од вас се очекува, а уште помалку да ги остварите своите планови бидејќи сте прилично растроени поради обврските и некои грижи кои премногу ве оптеретуваат.
Лав
Сакате да ги завршите започнатите работи и немате причина за сомнежи дека тоа нема да биде така. Ако сте во зрели години, ви се овозможува прилика да остварите добра соработка со странците, а ако сте млади најверојатно ќе мора да се прилагодите на новите услови за работа кои ќе ви ги наметнат Близнаците или Девицата.
Девица
На некој му е важно да се договори со вас за некои важни прашања, а вие се противите бидејќи знаете дека ќе треба да направите нешто што на вас не ви одговара. Не би требало премногу да се оптеретувате со работа, излезете од лошото друштво кое ја уништува вашата репутација. Ќе добиете прилика за нова соработка со странци.
Вага
Ова е еден од напорните денови за повеќето претставници на овој знак, особено ако работите со странци, некоја Водолија или Стрелец. Еден Јарец исто така може да ви создава проблеми поради нерасчистените случувања во минатото. Не и се лутете на Скорпијата доколку таа ве критикува.
Скорпија
Многумина мислат дека сте тврдоглави, но вие само сакате да воведете малку ред во вашиот живот. Се трудите да бидете тактични но за многу прашања губите нерви. Не дозволувајте да ве испровоцира кој било денес бидејќи ќе кажете многу нешта кои можат да ви наштетат.
Стрелец
Добар ден за бизнис, работа во медиуми… но работата која бара голема концентрација може да биде прилично стресна. Ако очекувате да ви се јави некој од странство, ќе добиете вести но тие нема да бидат онакви какви што ги очекувате.
Јарец
Ќе имате поттик ако имате идеја со што сакате да се занимавате и што точно сакате да работите. Има многу лица кои ви ги оспоруваат квалитетите или на некој начин ве уназадуваат. Тоа првенствено се однесува на некој Стрелец, Вага или Девица. Можни се зголемени трошоци и тоа сосема неочекувани.
Водолија
Трудете се да бидете фер кон еден Јарец или Шкорпија. Еден Рак ќе ви помогне да ги остварите своите желби. Бикот и Близнаците се обидуваат да ви дадат на знаење дека е потребно да промените нешто во својот став кон шефот или кон колегите.
Риби
Некој ќе сака да се сретне со вас или да слушне што вие имате да кажете. Тоа може да биде контрапродуктивно особено ако се работи за бизнис кој вам ви е многу значаен, а вие се трудите да им се наметнете на колегите или деловните партнери. Бидете подготвени да се согласите со некои отстапки.