Овен
Некој на работа ќе даде важен предлог што треба да го послушате. Бидете повнимателни во деловните одлуки. Претерувањето не носи ништо добро. Избегнувајте некој што ве прави нервозни и има нереални очекувања. Денес не е ден за нервоза и не дозволувајте некој да ви го расипе расположението.
Бик
Ќе бидете нестрпливи за напредок и докажување, но се чини дека луѓето околу вас не ве разбираат. Бидете малку пореални и запомнете дека за сè е потребно време. Нешто се обидувате да скриете. Можни се помали љубовни компликации, затоа бидете подготвени и отворено кажете му на партнерот што ве мачи.
Близнаци
Денеска ќе ги имате сите шанси за успех доколку добро испланирате сè. За сè што правите ќе ве очекуваат пофалби и признанија. Мистериозно се насмевнувате и чувствувате пеперутки во стомакот. На повидок се моменти на уживање. Ќе се чувствувате добро.
Рак
Бидете подготвени за промени. Моменталната ситуација на работа ќе ги одведе работите во поинаков правец од првично планираниот. Бидете внимателни. Обрнете внимание на она што го кажувате. Може да направите голема грешка која подоцна ќе биде тешко да се поправи.
Лав
Ги истакнувате вашите планови, но обидете се да не ги наметнувате вашите ставови. Слушнете го предлогот на вашиот колега или
претпоставен бидејќи тоа ќе ви овозможи подоцна полесно да си ја завршите работата. Денес може да дојде до расправија со партнерот. Не инсистирајте премногу.
Девица
Новите деловни предизвици ќе ви влеваат голема доза на несигурност, иако се обидувате да го сокриете тоа. Соочете се со новитетите и побарајте помош. Непотребно се оптоварувате со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Ќе ви биде потребна емоционална поддршка.
Вага
Ако сакате да ги зачувате вашите деловни интереси, ќе треба да употребите мала бела лага пред соработниците. Не се двоумете и направете го тоа. Вие сте во емоционална дисхармонија. Повеќе ве мачи еуфоријата на партнерот отколку чувството на лична дезориентација и емоционална несигурност.
Скорпија
Мислите дека знате повеќе од сите и тоа се покажува во вашиот став. Сакате да имате поголемо влијание врз одлучувањето и да ги промените моменталните услови на работа. Не влегувајте во непотребни расправии и сфатете дека не може секој да размислува како вас. Не барајте премногу од партнерот.
Стрелец
Доколку немате доволно доверба во одредени соработници, направете го она што мислите дека е најдобро за да ги заштитите вашите деловни интереси. Избегнувајте деловно ривалство, тоа ќе ви донесе само негативна енергија. Ќе се наоѓате во емотивен јаз. Дилемата што се обидувате да ја решите зависи повеќе од нечија волја или влијание.
Јарец
Некој ќе ве стави во непријатна ситуација, затоа избегнувајте емотивно однесување и побарајте совет од блиските соработници. Не пробивајте рокови, едноставно потрудете се да ги завршите вашите обврски. Кога се среќавате со личност што ви значи, заборавете на прашањата кои премногу ве оптоваруваат. Eмоционалната блискост има лековито дејство.
Водолија
Ваше е да спроведете заеднички идеи или да обезбедите подобри услови за соработка. Имате можност да остварите двојна добивка, под услов да настапувате професионално пред колегите. Ќе изгледате весело и добродушно. Ќе бидете романтично расположени, а партнерот ќе сака да ве задоволи.
Риби
Важно е да донесете добра деловна проценка и да ги пласирате своите идеи на вистинското место. Нема потреба да се избрзуваат заклучоците врз основа на првиот впечаток и без консултација со некој друг. Разговарајте искрено со саканата личност пред да се одлучите за ново решение. Меѓусебниот договор секогаш води до најдоброто решение.