3.8 C
Скопје
10:33 - 11 февруари, 2025

Хороскоп за 10 февруари: Биковите имаат стабилна финансиска состојба, Скорпиите премногу фантазираат, а вие?

Овен

Не се затворајте во четири ѕида и не се обидувајте да извршувате вонредни нешта во домот колку само да го поправите расположението. Ќе работите нешто кое во моментов не е неопходно, а мислите и понатака ќе ви талкаат и така нема да го решите проблемот. Најдете начин за исфрлање на негативната енергија.

Бик

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба ви е стабилна.

Близнаци

Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но мора да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.

Рак

Ќе имате неповолности на полето на финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.

Лав

Сè уште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Сè што е поврзано со тајни, лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе мора да бидете потактични и во емотивните односи.

Девица

Додека вие делувате безгрижно за случувањата кои ве следат во деловниот живот, вашиот емотивен партнер се обидува да одгатне некои дилеми од минатото и индиректно започнува да го осудува вашиот начин на однесување. Почекајте го поволниот момент за разрешување на ситуацијата.

Вага

Делувате духовито и искрено, така што оставате симпатии на различните страни. Важно ви е да оставите добар впечаток на околината. Со брилијантна интелигенција покажете дека посдувате и некои особини кои ја откриваат емотивната страна или новите аспекти на вашата иличност. Проблемите со забите нема да пројдат сами.

Скорпија

Исклучително успешен и креативен ден. Што и да правите, ќе го правите со леснотија. Водете сметка да не претерате со фантазиите, бидејќи така можете да го загубите ионака несигурното место под нозете. Добро подгответе се за претстојниот состанок.

Стрелец

Вие не сте подготвени да се откажете од своите планови. Имате посебни визии кои мора да ги реализирате. Денеска често се користат преговарачките способности за да дојдете до целта. Засилете ја физичката активност.

Јарец

Избегнувајте го претераното експонирање во друштво на соработниците. Нема потреба да зборувате за работите кои предизвикуваат негативни реакции, подобро е да ја прифатите компромисната варијанта.

Водолија

Доколку се занимавате со некоја работа која бара креативност, инвентивност и добри идеи, денешниот ден е многу поволен. Имате успех во работите поврзани за маркетинг. Чувствително грло, можни се болки и воспаленија.

Риби

Потрудете се поправилно да ја контролирате импулсивната страна на својата природа. Потребно е да преземете поголема заштитничка улога во одредени ситуации пред своето семејство. Обрнете им внимание на настаните кои почнуваат да го загрижуваат саканото лице.

Слични објави

(Фото+видео) Што објави Карлеуша пред да ѝ го затворат Инстаграм? Видеото го споделила и на Фејсбук, еве за што се работи

Еспресо

Рада Манојловиќ во врска со познат спортист! Пејачката повторно вљубена, ова се деталите од новата љубов

Еспресо

Хороскоп за 11 февруари: Девиците ќе го заладат односот со шефот, крај на проблемите за Биковите

Еспресо

(Фото) Најмалата ќерка на Гоца Божиновска е вистинска убавица: Не се појавува во јавноста, а еве каков е нејзиниот однос со мајка ѝ

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ прави шпага со кожeни танга хеланки во теретана

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ ја напушти Србија: Мина и детето заминаа на оваа дестинација

Еспресо
Се вчитува....