4.8 C
Скопје
20:12 - 17 февруари, 2026

Хирургот кој го оперираше Зоран Ѓинѓиќ по 20 години со нови детали: „Никогаш нема тоа да го заборавам, кому пречеше тој човек“

Проф. д-р. Миљко Ристиќ, кардиохирург, го оперираше Зоран Ѓинѓиќ, поранешен премиер на Србија, по атентатот во 2003 година. На тој кобен ден, Белград беше преплавен со полициски патроли, апсењата траеја со денови, а беа испрашани повеќе од 11.000 луѓе. Набрзо било откриено дека убиецот е Ѕвездан Јовановиќ.

На српската телевизија Курир, доктор Ристиќ откри нови детали.

– Тоа е настан кој никогаш не можам да го заборавам. Секогаш се прашував зошто е извршен атентат, односно кому пречеше тој човек. Мислам дека се во прашање меѓународните интереси – започна Ристиќ.

Приказната ја продолжи со детали за самата рана, но и за чаурите.

– Влезната рана беше на десната страна на градниот кош, а излезната на левата страна на градниот кош малку пониско. Затоа, куршумот бил испукан од височина бидејќи немаше хоризонтална патека. За мене е дилема дали премиерот влегол со глава кон вратата од владината зграда или со грб. Не е логично. Ако влегол со главата кон вратата, под тие околности, невозможно е истрелот да доаѓал од улицата за која се сомнева, туку куршумот дошол од тотално спротивен правец – изнесе шокантни тврдења докторот Миљко Ристиќ.

Тој потоа објасни зошто верувал дека има две групи атентатори иако официјалната истрага ги оспорува таквите тврдења.

– Верувам дека имало две групи атентатори. Погоден е и Веруовиќ кој бил со премиерот (шефот на обезбедувањето Милан). Куршумот со кој беше погоден Ѓинѓиќ има огромна разорна моќ, а со оглед на тоа што беше погоден Веруовиќ, да беше од истиот куршум, ни тој немаше да преживее. Затоа, едната група атентатори пукала од едно оружје, а другата од друго – уверен е хирургот.

Потоа одговара зошто на оваа тема никогаш не сведочел.

После тоа, според сите сознанија што ги има за овој атентат, тој одговорил, поради што никогаш не сведочел:

– Ние сме должни само да го напишеме оперативниот протокол и тоа го направивме… Судска медицина се занимава со тие обдукции и очекував некаков повик меѓу 400-те сведоци кои сведочеа, но никогаш не бев повикан.

Премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ беше убиен во обид за атентат на скалите на седиштето на Владата на Србија околу 12.30 часот на 12 март 2003 година. Куршумот му поминал низ срцето, итно бил пренесен во болница, а лекарите по само еден час констатирале смрт. Премиерот бил свесен на пат кон Ургентниот центар.

Двата куршума од снајперот со 130 метри оддалеченост од зграда ги испукал припадник на Црвени баретки, Ѕвездан Јовановиќ кој подоцна е осуден на 40 години затвор. Од вториот куршум беше тешко повреден шефот на обезбедувањето Милан Веруовиќ.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо

(Видео) Се породи пејачката на „Неверне бебе“, бендот ѝ честиташе: „Тоа се вика љубов, тоа сме ти и јас“

Е.А.

На Мис Универзум ѝ се слоши на парада: Убавицата ги поздравуваше сите, па наеднаш изгуби свест

apostolova

Тишина која боли: Марија Шерифовиќ се огласи на значаен датум, причината ги допре сите

Еспресо

(Фото) Инди објави провокативна фотографија: Нозете во вис, мрежести чорапи и лисици на штиклите

Еспресо
Се вчитува....