-3.2 C
Скопје
05:50 - 23 декември, 2024

Хари и Меган на чекор до развод: БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ СЕ ГЛАСНИ, принцот сака да се врати во Лондон засекогаш под влијание на ДРУГА ЖЕНА!

Принцот Хари, војводата од Сасекс и поранешната актерка Меган Маркл, се едни од најозборуваните парови во светот по нивната венчавка на 19 мај 2018 година.

Сега пак, повторно се во центарот на вниманието, а медиумите го прогнозираат нивниот развод кој наводно брзо ќе се случи. 

Од љубов до „ладење“

Двајцата се запознале во 2016 година на настан организиран од заедничката пријателка Виолет Вестенхолц и по неколку недели Хари ја поканил Меган да помине романтична вечер со него под ѕвездите во Боцвана.

По оваа ноќ, двајцата се впуштија во врска на далечина, на релација меѓу Британија и Торонто додека Меган беше зафатена со снимање на телевизиската серија Suits.

Љубовта била на прв поглед, а принцот толку многу ја засакал Меган што по кратко време ја побара нејзината рака за време на вечерата додека таа подготвуваше пилешко во палатата Кенсингтон во резиденцијата на Нотингем Котиџ.

Така, двојката ја објави набрзо својата официјална свршувачка на 27 ноември 2017 година, закажувајќи ја венчавката за 19 мај 2018 година.

Двајцата предизвикаа многу дискусии поради ексклузивното интервју со Опра Винфри каде открија одредена позадина за животот во Бакингемската палата.

Конкретно, Меган призна дека имала самоубиствени мисли кога била бремена и дека била под голем притисок од кралското семејство, но трпела и поради бојата на кожата на нивното прво дете која била „неприфатлива“ за кралското семејство.

Поточно, многу членови на кралското семејство не сакале Арчи да ја има титулата принц, па кралскиот протокол бил променет.

Според некои експерти за говор на телото, меѓу Хари и Меган моменто се сслучува голема криза.  Двајцата кои по долго време се вратија во Лондон пред да заминат за Холандија каде беа гости на Игрите Invictus, се сретнаа со кралицата Елизабета Втора и според некои гласини средбата поминала многу добро, и била исполнета со прегратки.

Други експерти, сепак, забележаа дека двајцата не се гледаат во очи, па дури и во Холандија тие изгледаа многу ладни еден кон друг.

Ник Дејвис, експерт за говор на телото и психотерапевт, интервјуиран за Мирор, рече дека однесувањето е нормално бидејќи кај секој пар фазата на „меден месец“ која трае околу 18 месеци поминува, но тој исто така призна дека забележал одредена тензија меѓу двајцата.

НОВИ ГЛАСИНИ ЗА РАЗДЕЛБА

Според новите гласини кои доаѓаат од британските весници, Хари е подготвен да се врати во Лондон со децата, а Меган одбива да го следи. Но, се појавила и друга жена.

Гласините кружат веќе некое време, но никогаш како овој пат не се толку гласни.

Наводно кралското семејство се подготвува за враќање на Хари, откако тој имал долг телефонски разговор со својата баба, кралицата Елизабета, изразувајќи желба да се врати дома засекогаш, а тоа би го направил за јубилејот на Кралицата.

Меѓутоа, војвотката од Сасекс не само што не се согласува со враќањето во Лондон, затоа што сака да остане во Соединетите држави, туку и „врие“ од гнев затоа што нејзиниот сопруг повторно се зближил со Евгенија од Јорк.

Братучетката на Хари, всушност, секогаш била блиска со него, дури и откако се преселиле во САД, а сега успеала да го убеди дека важноста на семејството (сметајќи на кралското семејство) е клучна.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....