6.8 C
Скопје
04:30 - 21 февруари, 2026

Гурмански ручек: Динстани шницли со печурки

Денес, израдувајте ги домашните со ново гурманско задоволство кое го немаат пробано досега. Овој пат подгответе нешто поинакво и многу вкусно.

СОСТОЈКИ:

– 2 кг свински шницли од врат
– 1 кг шампињони
– 1 голем кромид
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажичка црн пипер
– 3 китки свежа мајчина душичка (или 2 лажици сува)
– 1 лажица чубрика
– 1 лажица крупна морска сол
– маслиново масло
– 200 мл црвено вино
– 1 лажица путер

ПОДГОТОВКА:

Исечете го кромидот на полумесечинки, додајте ги останатите зачини и маслиновото масло, па измешајте. Добро истријте ги шницлите со маринадата и покријте ги со неа. Во ова маринирајте ги 24 часа. Во нелепливо тавче ставете масло, загрејте го на висока температура и потоа ставете да се пржи месото кратко од двете страни, да се карамелизира, не да се вари.

Пржете додека добие златна коричка. Откако ќе завршите со месото, додајте ги сечканите печурки во истото тавче и пржете додека бидат готови.

Потоа додајте ја маринадата, виното и путерот. Редуцирајте додека испари течноста и мешајте да не загори, односно да ги соберете сите остатоци од карамелизираното месо. Во глинен сад за печење редете ред месо, ред печурки, додека завршите. Поклопете со капак и ставете во ладна рерна, па нагодете ја температурата на 160 степени. Откако ќе се достигне температурата, печете два часа.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....