0.8 C
Скопје
01:04 - 12 март, 2026

ГУЛАШ – ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Теа ни носи рецепт и советува „за добар гулаш треба многу кромид“

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа ни подготви гулаш.

– Мислам дека не постои човек кој нема пробано гулаш. Ова унгарско традиционално јадење често го подготвувам во зимскиот период од годината.Најважно, за добар гулаш потребно ви е мнооогу кромид – вели Теа и додава – Дали знаете дека постои и американска верзија на гулаш во која преовладуваат домати и го сервираат со макарони?
фото-инстаграм

Потребни состојки:

За гулашот:
▪️600 гр. јунешко месо (плешка или врат)
▪️4-5 главици кромид
▪️2-3 моркови
▪️200 мл. доматен сос
▪️300 мл. вода
▪️сол и бибер
▪️мешан сув зачин
▪️масло
▪️ловоров лист
За пире:
▪️4-5 компири
▪️млеко
▪️путер
▪️мешан сув зачин

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее. Месото ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. Во меѓувреме ситно исецкајте го кромидот и додадете го во месото. Пржете 10 минути, а потоа додадете ги морковите исецкани на коцки и сосот од домати. Додадете ја и водата и зачинете. Намалете ја температурата и оставете го да се динста со капак 30-40 минути со повремено мешање.
Во меѓувреме излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки и ставете ги да се варат во вода. Откако ќе се сварат истурете ја водата во која се вареа, испасирајте ги, додадете млеко, путер и зачинете.
Сервирајте во чинија пире со гулаш и уживајте во прекрасниот ручек.
На здравје и уживајте во прекрасните вкусови на овој гулаш.
.
.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....