7.8 C
Скопје
23:57 - 31 март, 2026

Градоначалникот на Њујорк се огласи за „потерата“ на Меган и Хари: „Тешко е да се поверува“

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пред новинарите зборуваше за случајот со Меган и Хари, кои тврдат дека за малку ќе загинале во Њујорк од прогонот на папараците.

Градоначалникот ја изрази својата загриженост, но додаде и дека му е тешко да поверува дека во Њујорк се случила бркотница со голема брзина која траела два часа.

– Тешко е да се поверува дека имало бркотница која вклучувала голема брзина и дека траела два часа. Ќе дознаеме колку време траеше. Но, ако траела и десет минути, сепак е опасно. Овде имаме многу сообраќај и движење, има многу луѓе на улиците. Секаков вид на потера од таков вид е непримерна. Полицијата понекогаш работи во екстремни ситуации, кога лови криминалци, рече тој.

Њујоршката полиција вели дека возењето било предизвикувачко, но никој не спомнува возможни несреќи и катастрофа освен Меган и Хари, кои вчера објавија драматична изјава тврдејќи дека за малку ќе загинале.

– Синоќа војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил со многу агресивни папараци. Потерата, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќе речиси судири во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци, објавија Хари и Меган.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....