13.8 C
Скопје
19:31 - 25 септември, 2026

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во кревет во Швајцарија, а тој во негов стил се справил со ситуацијата

Гордана Адамов, попозната како Лепа Лана, работеше со полна пареа во 1990-тите и ги полнеше салите низ цела Југославија. Се дружела со колегите од естрадата со кои патувала низ земјата и низ светот. Во една пригода, настапила во Швајцарија со Здравко Чолиќ и со Шабан Шаулиќ.

Адамов во интервју за Курир откри дека била присутна на една необичната сцена.

– Една млада девојка нè пречека мене, Здравко Чолиќ и Шабан Шаулиќ во Швајцарија. Ни купи по еден букет цвеќе, но за Здравак беше најголем. Додека бевме на концертот, таа ги зеде клучевите од неговата соба и го чекаше таму – рече Лана и додаде:

– Таа лежеше гола и кога тој влезе во собата, таа му рече: „Те чекам, драг Здравко“. Тој културно, во негов стил ѝ одговори: „Ви се извинувам, ви благодарам за букетот цвеќе, но ве молам да излезете од собата“. Таа зема чаршаф и се завитка, а Шабан рече: „Нема проблем, ако тој не ти дозволи да спиеш во собата, дојди кај мене“.

Потоа се смеевме и се шегувавме. Навистина имаше многу анегдоти.

Во интервјуто, Лепа Лана откри и повеќе детали за нејзиниот живот и работата.

Таа живеела во Њујорк одреден период поради деловни обврски:

– Сега ќе ви ја раскажам вистинската вистина за мојот живот. Се раскажуваат секакви приказни за мене, поточно дека ја напуштив Америка затоа што сум се исплашила и дека моите колеги сакале да ме убијат, навистина страшно. Имам 65 години, достоинствена жена сум и не сакам за мене да се зборува нешто што не е вистина. Не бев омилена кај некои луѓе затоа што бев своја. Никогаш не сум се иселила од нашата земја. Бев во Америка по работа. Мислев дека ќе можам да живеам на тие простори, но се вратив поради низа фактори. Во Кикинда изградвме куќа – објасни Лепа Лана.

Слични објави

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо
Се вчитува....