9.8 C
Скопје
12:55 - 11 февруари, 2026

Гледачите „трауматизирани“ откако го гледале новиот документарец на Нетфликс: Се чувствувам лошо, овие луѓе заслужуваат пекол

Гледачите останале „трауматизирани“ од новата документарна серија на Нетфликс Keep Sweet: Pray & Obey. Криминалистичката серија базирана на вистинска приказна ги води гледачите во полиаморен религиозен култ познат како Фундаменталистичка црква на Исус Христос на светците од последните денови (FLDS).

Keep Sweet: Pray & Obey вклучува застрашувачки извештаи за жени индоктринирани од водачот на култот Ворен Џефс кои биле подложени на принуден брак и бременост. Новиот документарец на Нетфликс се фокусира на Џефс, кого следбениците на FLDS го нарекувале „пророк“. Според стриминг гигантот, Џефс имал 78 сопруги, од кои 24 биле малолетни. Во 2011 година, Џефс беше осуден по две точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

FLDS се одвоила од Мормонската црква во 1930-тите и нејзините членови продолжиле да практикуваат полигамија, наметнувајќи строги правила за женските членови на култот. Не само што жените морале да се облекуваат на одреден начин, туку морале и да се молат секој час, а на зградите дури била испишана пораката „моли се и послушај“.

Ако жената одбиела брак, таа би била исфрлена од култот без никакви средства, а поддршката од другите членови би и била ускратена. Ранчот FLDS на Џеф се наоѓал во Западен Тексас и бил претресен во 2008 година, што резултирало со обвинување на 12 мажи за злоупотреба на деца.

Во САД, FLDS всушност е класифициран како група на омраза поради расистичките ставови на Џеф. Додека Џефс бил одговорен за FLDS, почнале да се појавуваат извештаи за силување и злоупотреба на деца под 12-годишна возраст. Откако го погледнале Keep Sweet: Pray & Obey, голем дел од гледачите на Твитер изразија шокираност од она што го виделе.

„Само што го гледав Keep Sweet: Pray & Obey. Мачно ми е, ова беше многу трауматично за гледање“, коментира еден гледач.

„Гледав 20 минути од документарната серија Keep Sweet: Pray & Obey и се чувствувам лошо, овие луѓе заслужуваат пекол“, рече друг. Во многу критики е истакнато дека откако го гледале документарецот многумина се чувствувале физички лошо: „Колку одвратно, злоупотреба на деца во името на Бога“.

Слични објави

Приватно обезбедување 24 часа пред вилата! Еве каде Здравко Чолиќ замина по бомбашкиот напад

Еспресо

„Госпоѓата знаела сè, зошто сега глуми жртва?“: Ана Николиќ со брутална реакција за ситуацијата на Милица Тодоровиќ

Еспресо

Бившата на Аца Лукас знае што сака: „Дајте ми нова бунда, не ми треба принц на бел коњ“

Еспресо

Карлеуша случајно откри со колку мажи спиела: Имам 15, 20 свршенички прстени

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ покажа колку пораснала неговата ќерка: Малата Срна не се одвојува од татко си

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 февруари: Еден разговор може да реши многу дилеми

apostolova
Се вчитува....