2.8 C
Скопје
22:56 - 11 март, 2026

Гасот не е единственото економско „оружје“ против „непријателските“ земји: „Русија има тивко но опасно оружје“ – земјоделскиот извоз

Русија се заканува дека ќе го блокира снабдувањето со гас за Европа доколку плаќањата не почнат да се вршат во рубљи. Но, тоа не е единственото економско „оружје“ што Путин планира да го употреби против „непријателските“ земји, одговорни за строгите санкции наметнати на Москва поради инвазијата на Украина. Во рацете на Кремљ е и блокадата на извозот на пченица, со која Русија е еден од главните производители во светот.

Пристап до руска храна и земјоделски производи ќе имаат само „пријателските земји“. Моќта на извозот не е ограничена само на гас: поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега потпретседател на Советот за безбедност, потсети на ова во изјава објавена на „Телеграм“, со наслов „Нашата храна против нивните санкции“.

„Русија има „тивко, но опасно оружје“: вредноста на рускиот земјоделски извоз минатата година надминал 37 милијарди долари“, пишува „Телеграм“.

Откако пред три дена ја предвиде хипотезата дека Русија може да наметне плаќање во рубли токму за пченицата, како и за низа други производи за извоз, од дрва до растителни масла, сега Медведев го подигнува нивото на можна одмазда на санкциите наметнати од САД и ЕУ.

Русија е главен извозник на пченица во светот и затоа, и покрај тоа што Европската комисија повтори дека Унијата е автономна во однос на храната и дека нема ризик од недостиг на производи, заканата има своја тежина. Тежината на еден голем производител како Русија е таква што може да го диктира трендот на светскиот пазар, почнувајќи од цената. Последиците во секој случај би влијаеле особено на посиромашните земји, а прекумерното зголемување на цените на примарните производи би можело да ги стави во големи тешкотии најсиромашните слоеви од населението.

Путин сака да ја доведе рубљата до златен стандард: Пропаднаа ли санкциите против Русија?

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....