15:53 - 10 ноември, 2026

Фрапантни резултати од новa студија: Ракот исчезнал кај сите третирани пациенти

Мала студија во која учествуваа само 18 пациенти со ректален карцином, од кои сите земаа ист лек, носи неверојатни сознанија! Резултатите беа фрапантни – ракот исчезна кај секој поединечен пациент, и не е забележлив со физички преглед, ендоскопија, ПЕТ скенови или МРИ.

Д-р Луис А. Дијаз Џуниор од Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг, автор на напис објавен во неделата во New England Journal of Medicine во кој се опишуваат резултатите, спонзорирани од фармацевтската компанија GlaxoSmithKline, рече дека не знаел за какви било други студии во кои еден третман целосно го уништил ракот кај секој пациент.

„Мислам дека ова е прв пат да се случи ова во историјата на третман на канцер“, вели д-р Дијаз.

Д-р Алан П. Венук, специјалист за колоректален карцином на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, кој не бил вклучен во студијата, се согласи дека ова е прв пат во историјата да се види ваков резултат.

„Целосна ремисија кај секој поединечен пациент е нешто до сега нечуено“, рече тој.

Пациентите со ректален карцином се соочиле со исцрпувачки третмани: хемотерапија, зрачење и, операции кои го менуваат животот што би можеле да предизвикаат дисфункција на цревата, на уринарниот систем и сексуалната дисфункција. Истите пациенти се вклучиле во испитувањето за студијата сметајќи дека немаат веќе што да загубат, но не очекувале вакви резултати а најмалку дека нивните тумори ќе исчезнат.

Изненадувањето било огромно, и фактот дека не бил потребен дополнителен третман.

„Имаше многу солзи радосници“, рече д-р Андреа Черчек, онколог во Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг и коавтор на трудот, претставен во неделата на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија.

Друго изненадување, додаде д-р Венук, беше тоа што ниту еден од пациентите не доживеа никакви клинички значајни компликации.

Во просек, секој петти пациент има некаква несакана реакција на лекови како што е оној што го земале пациентите, достарлимаб, познат како инхибитор на имунолошкиот контролен пункт. Лекот се дава на секои три недели во период од шест месеци и чини околу 11.000 долари по доза. Ги демаскира клетките на ракот, дозволувајќи му на имунолошкиот систем да ги идентификува и да уништи.

Д-р Кими Нг, експертка за колоректален карцином на Медицинскиот факултет Харвард, која не била вклучена во студијата, рече дека иако резултатите се „забележителни“ и „без преседан“, тие сепак треба да се повторат.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....