5.8 C
Скопје
21:37 - 12 март, 2026

(Фотогалерија) Една од најплатените руски моделки се огласи од Рим со нејзино мислење за војната

Родена во 1997 година, висока 165 см, Олга Плакина е поранешна руска спортистка и една од најплатените руски моделки добро позната во својата земја. Русокоса и згодна, во 2015 година победи на натпреварите за убавина Мис спорт и Мис најдобар модел. На спортски план, Олга Плакина е шампионка во трката на 400 метри.

Во август 2016 година убавицата се омажи со популарниот италијански спортист – мечувачот Алдо Монтано, со кого добија две деца.
Олга и Алдо Монтано, 17 години постар од неа, се запознале во 2014 година благодарение на заеднички пријател, за време на Олимписките игри во Сочи.

фото- инстаграм

Луксузната свадба ја направија во Сибир а на церемонијата беа поканети само најблиските членови на семејствата и неколку пријатели.

Денес убавицата живее раскошен живот заедно со сопругот и децата во Рим.

Неодамна моделката се огласи на својот инстаграм профил поддржувајќи го Путин.

„Жал ми е за она што се случува, имам роднини и во Украина. Жал ми е што грешат илјада посто за Русите. Но, нема пламен без оган!“ – напиша 24 годишната Олга Плакина.

„Јас сум Русинка и горда сум што сум Русинка. Отсекогаш ми се допаѓал Путин, отсекогаш ми се допаѓал нашиот режим“, додаде победничката на изборот за Мис спорт и Мис најдобар модел.

„Која сум јас да ја оправдам оваа војна? Која сум јас да го запрам Путин? Која сум јас да се согласам со едно од двете? Јас сум едноставна девојка“, продожува таа, одговарајќи на оние кои од неа побарале коментар за војната.  „За жал, никој од нас, Украинците, Русите, Италијанците, не ја знае вистината. Има огромна пропаганда од сите за свои интереси“, додаде Олга.

Меѓу нејзините бројни следбеници, овој коментар поттикна голема дебата со многу критики за застанувањето на страната „на оние кои нападнале мирна земја“, но имаше и такви кои ја ценеа нејзината храброст да си го искаже своето мислење.

Фото-инстаграм

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....