Шамс ги скрши бариерите на нешто што не било дозволено, за нешто што се сметало дека е срам за една жена. Таа е првата жена во Катар која отворила продавница, па ресторан. Наишла на осуда, никој не зборувал со неа, но денес тука едвај се наоѓа место.
View this post on Instagram
Таа е 60-годишна жена, иако изгледа постара. На крајот, дури ни таа не знае колку навистина има години, бидејќи во тоа време, луѓето сè уште се раѓале дома, немало ни матична служба. На документите пишува дека е родена 1958 година. Има три сестри и пет браќа. Четири ќерки и еден син. Зборува само арапски. Но за превод ѝ служи нејзината ќерка Еман. Шамс Ал Касаби е родена во Катар, потекнува од богато семејство.Но, исто така, многу традиционално семејство. Сепак, таа ги прекрши традициите, правејќи нешто револуционерно, без да стане противничка на системот. Во нејзините погледи, целосно ја почитува културата и вредностите на нејзината земја. Во 2014 година, пред осум години, таа била првата жена што отвори ресторан во Доха, насловен „Шај ал Шамус“.
Дотогаш тоа била работа резервирана само за мажи. Ресторанот на Шамс се наоѓа во историска локација на градот, во центарот на комерцијалните активности, Вакиф.
– Тоа беше вистинска револуција. Но – прецизира таа – мојата волја не беше да стане толку познат. Мојата цел не беше да ја променам културата. Сакав само да покажам дека жената може да работи, а при тоа да го задржи својот идентитет и култура. Сакав да покажам дека ако жената работи, таа не ја менува својата култура.
Расудување кое се движи по тенка линија што има за цел да ги натера луѓето да разберат дека промената не е непријател на културата, а Шамс тоа гордо го тврди.
– Таа не направи нешто против нашата култура, туку против културните норми. Накратко, против границите создадени од човечки суштества. Кои, во овој случај, се мажи – истакнува нејзината ќерка Еман
– Воведени се многу промени – продолжува Шамс Ал Касаби. И секогаш мора да постои рамнотежа помеѓу стремежот за успех и почитувањето на културата. Најтешко беше да се смени сфаќањето дека мажите и жените се еднакви во работата. Претходно работата беше само за мажи. Но, сега, фала му на Бога, тоа се промени. Сега мажите и жените придонесуваат заедно за растот на нашата земја.
View this post on Instagram
Желбата на Шамс да отвори ресторан датира од нејзина најмала возраст, од пет години. На 11 години почнала да учи да готви следејќи ја нејзината баба. Не одела на училиште. Во тие години, образованието за жените се сметало за непотребно. Жените имале должност само да се грижат за куќата и за семејството.Но, кога имала 40 години – на почетокот на 2000-тите – одлучила дека мора да даде свој придонес за поддршка на семејството. И така, изборот паднал да отвори продавница, за добро да го искористи она што знаела да го прави: преработка на зачини. Со овој предизвик, таа била пречекана со широко распространето непријателство: никој не зборувал со неа. „Сега и жена во Соук – велеле луѓето. Што друго треба да се случи?“.
View this post on Instagram
Решила да не ѝ каже на мајка си за продавницата. Но, приказната за оваа жена која отворила продавница на пазар за мажи, почнала да патува низ светот. Така и мајката дознала: „Што правиш? – ја прашала ќерка си – Дали го правиш тоа за пари? Твојот татко остави богатств!. Доаѓаш од важно семејство. Удираш на угледот на нашето семејство“.
– Но, јас не правам ништо лошо, си реков –.објаснува Шамс. Од што треба да се плашам? Прст ми вперија дека не сум образована. Но, повеќе не сакав да бидам „кралица на куќата“. Знам да произведувам со раце, зошто да не го правам тоа?
Тогаш одлучила да отиде уште понапред, не само за да го издржува семејството, туку да си докаже себеси и на општеството дека жените од Катар се способни. На почетокот нејзината продавница имала шест столчиња. Сепак, првите 2 месеци тука никој не стапнувал. Но, таа не ја изгуби надежта.
View this post on Instagram
Денес, пред продавницата која е трансформирана (и) во ресторан има 285 столчиња. А место тешко се наоѓа. „Кога луѓето од светот почнаа да зборуваат за ова место, заедницата ја сфати вредноста на она што јас го создадов“ – се присетува Шамс.