Пејачката Емина Јаховиќ се грижела за секој детал при украсувањето на својот луксузен стан во Истанбул.
Нејзиниот дом нуди поглед на целиот Босфор, а пејачката живее со синовите Јаман и Јавуз.
Во сите соби доминираат белата, кремаста и златната боја, а големо внимание привлекуваат уметничките слики на ѕидовите.
View this post on Instagram
Емина поставила и неколку големи огледала во својот стан, пред кои често позира и се фотографира со своите комбинации.
„Пред сѐ, морам да нагласам дека локацијата на овој стан ми беше пресудна бидејќи е блиску до сѐ што ми треба во текот на денот, па можам да одам на повеќе места. За разлика од мојата куќа, која беше во природа и за сѐ ми требаше многу повеќе време“, изјавила таа во една прилика.
View this post on Instagram
„Во изборот на просторот за живеење пресуден беше и погледот на Босфор, кој неизмерно ме смирува. Ми се допаѓа минимализмот со допир на елеганција. Мешавина од мермер и дрво, како и комбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија што ме прави да се чувствувам добро“, додала пејачката.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram