1.8 C
Скопје
07:35 - 11 март, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) Убавицата од Полска се закити со круната Мис на светот: Мисиците кажаа СТОП за војната во Украина

Каролина Бjелавска, претставничка на Полска, ја освои круната на престижниот избор за убавина Мис на светот за 2021 година на гала вечерта одржана оваа среда во Порторико.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss World (@missworld)

Прва придружничка е американската убавица Шри Саини, а втора Оливија Јејс од Брегот на Слоновата Коска, која беше фаворитка на 70-тото издание на изборот за убавина.

„Бев изненадена кога го слушнав моето име и сè уште не ми се верува. Ова е голема чест“ изјави Бјелавска со солзи.

Поради откажувањето на изборот за убавина поради пандемијата во 2020 година, круната ѝ ја предаде Јамајка Тони Ен Синг, која всушност ја освои круната во 2019 година.

Она што, исто така, го привлече вниманието на светот на изборот за убавина беше изразената поддршка за Украина која е разурната од војна. Тони-Ен Синг од Јамајка, носителка на титулата Мис на светот за 2019 година, ја отпеа песната „The Prayer“, трогателната, повеќенаградувана песна од 1999 година на канадската пејачка Селин Дион и италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели. Натпреварувачките на сцената и гледачите од публиката палеа запалки и свеќи додека Синг ја изведуваше нејзината изведба на песната.

На карипскиот остров престојуваа 40 од 97 мисици – кандидатки за титулата Мис на светот, и се појавија на сцената на која свиреше Порториканската филхармонија.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....