15:27 - 1 април, 2026

(Фото+видео) Претажната причина поради која Памела Андерсон престана да се шминка: По трагедијата реков – нема повеќе!

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис по појавувањето на Памела Андерсон без шминка на Модната недела во Париз напиша на својот инстаграм-профил: „Конечно започна револуцијата на природната убавина. Памела среде Модната недела во Париз и покрај огромниот притисок и очекувања, го зазема своето место на масата без ништо на лицето, импресионирана сум од овој чин на храброст и бунт“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by i-D (@i_d)


Памела Андерсон на Модната недела во Париз, на прашањето на новинарката од магазинот „ID“ која е тајната на нејзиниот добар изглед, пред сè, убавината и негата на лицето, ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ одговори: „Овие денови (на овие години) не треба ништо да правиш. Станувам и сè што се случува на лицето се случува. Сè почива во прифаќањето на самата себе. Ова е поглавје од мојот живот во кое се обидувам да се зајакнам. Понекогаш може биде тешко, особено кога треба да се убедите себеси дека сте добри и дека сте си доволни самите себе и убави. Бркањето младост е недостижно. Никогаш нема да го вратите времето, затоа, уживајте во она што го имате сега“.

Памела Андерсон во разговор со новинарите на магазинот „Ел“ во август годинава објасни зошто престанала да се шминка. Како што објасни таа, нејзиниот поглед на убавината, а особено на шминката, се променил по смртта на нејзината шминкерка Алексис Вогел, кој починала од рак на дојка во 2019 година.

„Таа беше најдобра. Кога си замина сфатив дека за мене е најдобро да не се шминкам. Без шминка се чувствувам слободно и малку како бунтовничка. Забележав дека многу луѓе сè повеќе се фокусираат на шминката и техниките, а јас во моментов правам сè спротивно од тоа. Сите изгледаме малку смешно кога ќе остареме. Понекогаш се смеам кога ќе се погледнам во огледало затоа што помислувам – леле ова ми се случува“, изјавила Памела.

 

На почетокот на годината, Памела Андерсон со помош на своите синови објави документарец на „Нетфликс“ наречен „Памела, љубовна приказна“ (Pamela: A Love Story),
во кој реши да се претстави себеси и својот живот од нејзина гледна точка со помош на семејни снимки и приказни, бидејќи повеќе не сакаше медиумите да имаат контрола врз нејзиниот животен наратив.

 

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.
Се вчитува....