5.8 C
Скопје
01:11 - 26 април, 2024

(Фото) Весна го врати мајмунчето во живот; мајка му го отфрлила, се давело во езеро, а сега има и име и креветче во скопската ЗОО

Гибончето кое беше отфрлено од мајката го доби името Делфина.

Седуммесечено гибонче, кое било отфрлено од мајката, се давело во езерото во скопската Зоолошка градина, но за среќа со брзата реакција на вработените мајмунчето Делфина било спасено.

фото-приватна архива

-За среќа, колешката Зера беше во близина на живеалиштето на гибоните и веднаш ни пријави дека мајката го отфрлила бебето и паднало во водата и се давело. Ние веднаш реагиравме, но колешката иако не е добар пливач ризикуваше, влезе во водата и го извади мајмунчето. Но не покажуваше знаци на живот и пристапивме кон негова реанимација, првин јас додека да пристигне ветеринарката Весна, потоа и го предадов неа, но тоа траеше до 40тина минути затоа што мајмунчето имаше испиено многу вода – вели Кристијан Стаменов – директор на Зоолошката градина во Скопје.

На 3 мај ветеринарката Весна не се откажала и го вратила мајмунчето во живот.

– Помисливме дека го изгубивме мајмунчето, но јас го зедов и не се откажав од реанимација. Го однесов на тополо, го исушив и продолжив со надворешна масажа на срце и вештачко дишење. Немам претстава колку сето тоа траеше но знам дека само на тоа бев сконцентрирана. Беше целото омлитавено, не покажуваше знаци на живот, но решив да го вратам. За момент почна да ја отвара устата, да испушта звуци, ја мрдаше главата, рацете, погледот се уште му беше изгубен, но се врати тоа беше најважно – раскажува Весна, ветеринарка во Зоолошка градина.

Гибоните, објаснува ветеринарката Весна Левајковиќ-Трајков, имаат многу густо крзно, тие не сакаат вода и не знаат да пливаат.

– Белораките гибони се многу специфични бидејќи имаат многу густо крзно, впив многу вода, а тие не сакаат вода и не знаат да пливаат. Ако паднат во вода тие се дават заради крзното. Затоа и околу нивното живеалиште на островот имаме поставено мрежа за ако паднат да се извлечат лесно. Но во овој случај мајката го оитфрлила подалеку гибончето и затоа се случи сето тоа  – објаснува Весна.

Првата вечер по несреќната случка, гибонот ја поминал со Кристијан. Иако за чување на мајмунчето се понудиле повеќето од вработените сепак, грижата за него била доверена на зоо-негувателката Зера Бекировска.

– Ние пробавме веднаш кога го реанимиравме да го вратиме со фамилијата, но не го прифатија. Решивме да се грижиме за него бидејќи е мало, за исхрана започнавме со млеко и кашички. Мора да се грижиме 24 часа за него, но сите излегуваме во пресрет – вели Кристијан.

Во зоолошка бебето Делфина си има посебно креветче. Додека Зера ги завршува обврските гибончето го чуваат нејзините колеги. Дома спие со неа, често и спие и во скутот.

(ФОТО) Спасен млад изгладнет коњ од стан во Дебар Маало: Вработени во скопската зоолошка ќе му пружат ветеринарна грижа и нега

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....