5.8 C
Скопје
23:05 - 28 март, 2026

(Фото) Вељко упадна на пробата на Цеца и предизвика хит реакција! Ја покажа мајка си без шминка и во домашни влечки

Вељко Ражнатовиќ тајно ја снимил својата мајка, српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ и тоа во досега невидено издание.

Имено, Цеца организирала проба со своите музичари во вилата покрај базен, а нејзиниот син решил да покаже како изгледа кога пејачката и нејзиниот тим се на проба пред настапот.

Тој на својата инстаграм-приказна објави видео од пробата на Цеца, каде што таа вежба со музичарите за настапи.

Цеца со членовите на бендот била покрај базен во видно убаво расположение, но и без трошка шминка и опуштено издание.

Ражнатовиќ скришно упаднла на пробата и извикал:

– Каде е госпоѓата? – додека, пак, Цеца ја кренала главата и со насмевка рекла:

– А види го него!

Вељко се насмеал и набрзо ја исклучил снимањето, но оние со остро око веднаш го забележаа стајлингот на пејачката во тренирка и домашни кадифени влечки.

Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана го очекуваат третиот син. Во бракот добија две деца, Жељко и Крстан, додека бебето Илијан е на пат.

 

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....