4.8 C
Скопје
00:36 - 10 март, 2026

(Фото) Убавицата Билјана Јаневска стана генерална секретарка на ЛДП Карпош: „Убавината и политиката одат заедно“

Убавицата Билјана Јаневска, поранешна мисица и моделка, која беше и прва придружничка на Мис Модел Туризам во светот на изборот за убавина во Јамајка, вчера едногласно беше избрана за генерална секретарка на ЛДП за Општина Карпош.

LDP

Уште во септември 2021 година Билјана јавно ги изрази своите политички амбиции кога беше кандидатка за советничка во нејзината матична општина Карпош, преку ЛДП и ДОМ.

– Сметам дека убавината и политиката одат заедно. Сакам да придонесам за најдобро во мојата општина. Кандидирана сум 8ма по ред, од 23 кандидати. Се надевам дека ќе влезам во најдобрите, ни рече тогаш Билјана.

Вчера пак, Билјана по изборот за генерална секретарка на ЛДП за Капрош истакна:

– Ветувам дека во следниот период овој мандат ќе го оправдам со уште повеќе работа и ќе бидам достапна за сите членови на општинската. За мене оваа можност претставува голем предизвик за уште поактивно учество на ЛДП Карпош во сите општествени случувања. Обединето, храбро и гласно до нови победи. Со срце за Карпош – рече Јаневска на изборното собрание на кое присуствуваше раководството на партијата.

Едно е сигурно, Билјана е исклучително вредна и амбициозна девојка.

Низ годините таа работела најразлични професии, а за себе знае да каже дека „знае и да мете и да позира. Таа е девојка со богат внатрешен свет и повеќе таленти. Еве само некои од нив – медицинска сестра, физиотерапевт, дипломиран инженер по екологија, магистер по управување со отпад, работела во првото онлајн казино во државата, а работи како советничка за подготовка и спроведување на развојни проекти во ЈП „Дрисла“. Па, така, моделството ѝ е само попатна професија.

МИСИЦАТА БИЛЈАНА ЈАНЕВСКА: Српските момци се да ги грабнеш и да бегаш, годинава сакам да станам и мајка и успешна политичарка!

 

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....