3.8 C
Скопје
03:51 - 3 март, 2026

(Фото) Тенка половина: Сопругата на Дарко Лазиќ четири месеци по породувањето изгледа како „авион“, ова е нејзината тајна!

Сопругата на српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, е многу активна на социјалните мрежи, каде редовно споделува корисни совети за здрава исхрана и вежбање со своите следбеници.

Катарина Лазиќ сега сподели фотографија во опрема за тренирање, а многумина воодушеви со нејзината витка линија по породувањето.

Имено, таа позирала во тесен бел топ кој ја истакнал нејзиното бујно деколте, но исто така, ја истакнала и тенката половина.

Жените кои ја следат Катарина често ја прашуваат за совети што се однесуваат на добриот изглед, а таа не крие дека за сè е заслужна здравата исхрана. Таа во повеќе наврати откри и дека се здебелила само неколку килограми во текот на бременоста.

Катарина често споделува здрави рецепти, а неодамна сподели и брз појадок.

– Најбрзиот протеински појадок, може и за носење – напишала Катарина и споделила фотографија од чинија со три варени јајца, сирови бадеми и малку сушено месо.

– Можете да ставите и младо сирење – додала Катарина.

Да потсетиме, Катарина неодамна им даде совети на сите трудници.

– Колку ќе се здебелите за време на бременоста зависи исклучиво од тоа како се храните, но поважно од формата е да се храните здраво… Само, ќе морам да ве разочарам, не треба да јадете за двајца, а и на вашето бебе не му требаат пица, слатки и слично, така што од нездравата храна нема да имате никаква придобивка – рекла Катарина кога била во осмиот месец од бременоста.

 

 

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....