15.8 C
Скопје
06:31 - 11 септември, 2026

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија прегрната со Здравко Чолиќ, фановите паднаа во транс!

Популарната српска пејачка Теа Таировиќ ги шокираше своите следбеници со објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Теа сподели фотографија на која е во прегратка на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, а во описот на истата стави срце и симболично круна, сигурно алудирајќи на тоа дека Чола е музички крал.

Теа не прецизирала на фотографијата каде се сретнале и дружеле, а судејќи според неколкуте снимки на социјалните мрежи, станува збор за приватна прослава во Црна Гора. Двајцата биле ангажирани на прославата, а гостите ги распаметиле кога ги вкрстиле гласовите и заедно испеале дуетска песна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)


Меѓутоа, обожавателите веќе направија метеж на социјалните мрежи, бидејќи се шпекулише дека Чолиќ би можел да биде еден од нејзините гости на претстојните концерти во Арената во Белград.

„Ве молам кажете ми дека тој е гостин во Арена“, „Нешто се готви“, „Многу скапа фотографија“, „Можеби Чола ќе биде гостин во Арена и тоа сигурно ќе биде друг еден ден кога јас не одам“, „Чола гостин во Арена, ви велам“, се само дел од бројните коментари.

– Тие се долго време се во исклучително добри односи, но таа за тоа не зборуваше јавно ниту тоа го истакнуваше. Постои реална шанса тој да се појави како специјален гостин, што би го зачинило нејзиниот спектакл што го подготвува – истакнува изворот за српска „Република“, алудирајќи на двата концерти кои Теа ќе ги одржи во белградска Арена.

 

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....