13:12 - 12 април, 2026

(Фото) Свршеницата на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак во тесен фустан: Ивана ужива во Москва

Бремената Ивана Малиќ моментално е во Москва, Русија со својот партнер Милош Биковиќ. Свршеницата на српскиот актер е во поодмината бременост, а дефинитивно е многу активна трудница.

Во последно време таа е активна на социјалните мрежи, а сега позираше во тесен фустан во кој го покажа трудничкиот стомак во преден план.

Многумина на фотографијата го забележаа и нејзиниот веренички прстен од скапоцен камен, а коментарите за нејзиниот изглед беа позитивни.

„Убава си“, „Блескаш“, „Колку убаво ти изгледа бременоста“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, најпопуларниот српски актер и и црногорската адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а убавата Ивана ќе роди момче. Милош штом дозна за бременоста, на својот Инстаграм се огласи за бременоста на Ивана и ја потврди убавата вест.

– Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, дефинитивно ќе ве контактираме – изјави тогаш Биковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....