5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

(Фото сторија) Валентина ни ги отвори вратите на нејзиното уметничко царство во с. Ропотово: Инспириција од мирисот и магијата на природата

Валентина Тодпровска живее и твори во село Ропотово, Прилеп. Таа е домаќинка која ужива слободното време да го помине во дворот со пријатната опкруженост – со мирисот и магијата на цвеќињата.

Но, Валентина на зрела возраст го усовршила и талентот за уметноста, наследен од нејзините претци, па сега е препознатлива по изработките на украси за двор и други декорации за домот.

Пред три години со почетокот на пандемијата почнав со изработка прво со украсни саксии, потоа со изработка на печурки, гасеници, бубамари, дедомразовци, џуџиња…Фото – приватна архива

Како се роди идејата за изработка на украси за двор?

– Пред три години со почетокот на пандемијата почнав со изработка прво со украсни саксии, потоа со изработка на печурки, гасеници, бубамари, дедомразовци, џуџиња… и од ден на ден имав сè поголема инспирација и желба за работа. Но уметноста не започнува тука, датира уште многу оддамна, влечe корени уште од нашите претци.

Кои мотиви Ви се најинпиративни за изработка?

– Најмногу црпам мотиви од опкружувањето на природата.

Колку време е потребно за изработка на една фигура?

– Во зависност од големината, формата, сложеноста на фигурата, процесот на изработка може да трае од седум до десет дена, понекогаш и повеќе.

Кои материјали ги употребувате?

– Најчесто за фигурите се користи бетон, бои, лакови и други материјали.

Кој е Вашиот најголем предизвик кога е дворот во прашање, а кој – кога се фигурите/украсите во прашање?

– Кога е дворот во прашање секоја моја замисла ја реализорам бидејќи тоа го правам со љубов и тоа ме исполнува, а мој моментален предизвик се изработка на фигура Штрунф.

Се бавите ли со друг вид на изработки?

– Се занимавам и со разни други декоративни изработки освен за во двор и за домашен ентериер.

Инаку, контактот со Валентина го остваривме преку нејзината ќерка, Марија Михајловска, членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Во продолжение погледнете дел од изработките на Валентина. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Јуле ни ги откри сите убави лица на пролетта: „Сакам кога дворот личи на рајска градина“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....