09:26 - 11 ноември, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Над 30 степени, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена, локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Попладне во западните планински предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена, локално и повремено и позначителна облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе сде искачи до околу 23 степени.

Според Попоски  во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, и тоа особено во планинските предели. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од срединната на неделата истите во најтоплите предели ќе се искачуваат и над 30 степени, што значи дека полека но сигурно доаѓа првиот поизразен топлотен бран за оваа сезона.

Слични објави

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova
Се вчитува....