5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

(Фото сторија) Како го замислувате дворот од фантазијата? Го најдовме во село Ратево, а „магионичарот“ е Илија Брндевски

Разговараме со Илија Брндевски, „магионичарот“ кој од само дваесет квадратни метри создал цветно царство во Ратаево, село во близина на Берово, каде што Илија живее.

фото-приватна архива

Селото е ридско, на надворска височина од околу 860 метри, вгнездено во една од најживописните области, Малешевијата.

Илија студирал технолошко-технички факултет, вели дека отсекогаш ги сакал цвеќињата но откако се појавил коронавирусот, уредувањето на дворот му станало хоби.

Го прашуваме колку време дневно посветува на оваа убавина.

– Во двор не може да нема работа. После работното време, јас сум во дворот сè додека се стемни – вели Илија кој инаку, сам се грижи за дворските убавици. Меѓу нив најзастапени се кактусите, зашто Илија е љубител на овие растенија. А покрај кактуси има и сукуленти кои – вели – не бараат посебна нега.

Кој е најголемиот предзивик на Илија кога е во прашање дворот?

– Најголем предизвик ми е постојано да ги менувам работите и декорациите, сето тоа да изгледа совршено за мене – ни открива.

А, што би ги советувал овој „магионичар“ за градини оние кои сакаат да почнат да се занимаат со градинарство и одгледување на цвеќиња?

– За почеток може да се почне со секојдневни цвеќиња кои се полесни за одгледуваше, што ги има често кај нас – советува Илија.

Инаку, Илија е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од преубавиот двор преку фотогалерија.

Фото – приватна архива 

(ФОТО СТОРИЈА) ДВОР ЗА „СВОЈА ДУША“ во населба Илинден; Сашо Мицевски: „Најголем предизвик ми е дворот да е секогаш среден“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....