6.5 C
Скопје
03:31 - 1 април, 2026

(Фото сторија) Двор за паметење во Демир Хисар, Габриела ни ги откри тајните на убавината

Разговарам со Габриела Јосифоска, невработена, мајка на две мали деца, вљубена во цвеќето отсекогаш. 

Предизвик ми е секоја година цвеќината да ми бидат поубави од предходната, што до сега и убаво ми оди од рака. Фото-приватна архива

– Цвеќињата ги сакам отсекогаш, но почнав да ги одгледувам пред пет години. Дворот го уредуваме заедно со сопругот и свекорот, повеќе раце, повеќе идеи, поубав изглед – ни вели Габриела.

Преубавиот двор се простира на 500 метри квадратни, за се наоѓа во Демир Хисар.

– До пред две години одгледував најмногу петунии и сурфинии. Сега како поиздржливи најчесто во моето дворче има сардели од различни видови. Лазачки, кралски, калиопа, зонале… – објаснува младата убава жена.

Вели дека бегониите се одлични за под сенка, а за на сонце – сарделата и кактусите, кои се воедно и нејзини омилени растенија.

Грижата за ваква убавина секако одзема време, а Габриела открива дека „секој слободен момент го вложувам тука. Но, вечерните два часа, обавезно ги искористувам за наводнување“.

– Предизвик ми е секоја година цвеќината да ми бидат поубави од предходната, што до сега и убаво ми оди од рака – се смее таа и за крај ги советува сите оние што сакаат да започнат со одгледување цвеќе.

– Мој совет или мото е да ги одгледувате цвеќината што ве сакаат вас, а не цвеќината што ги сакате вие. Мислам дека моите омилени, кактусите, воедно се и најлесни за одгледување. Не бараат многу време и грижа, а сепак знаат да ве изненадат со некој убав цвет.

Инаку, Габриела е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасниот свор во Демир Хисар.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Каква македонска убавина! Свето парче земја за цвеќиња и овошки е градината на семејство Блажески во Свето Митрани

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....