05:55 - 23 октомври, 2026

(Фото сторија) Каква македонска убавина! Свето парче земја за цвеќиња и овошки е градината на семејство Блажески во Свето Митрани

Љупчо и Весна Блажески се земјоделско семејство, а цвеќиња одгледуваат отстекогаш со голема љубов, секоја година – како што велат – сè повеќе и повеќе.

Дворот изобилува со најразлични видови цвеќе и овошки, фото-приватна архива

Живеат во крушевското село Свето Митрани, нивниот двор се протега на околу тристотини квадратни метри.

– За уредување на дворот и цветната градина се грижиме јас и мојата снаа Татјана. Заедно го средуваме и правиме да биде место кадешто моите внучиња си играат, а ниу уживаме во слободното време после напорната работа, ни раскажува Весна.

Дворот изобилува со најразлични видови цвеќе.

– Сесонските ги сееме од рана пролет, а потоа ги рассадуваме, додека пак повеќегодишните цвеќиња внимателно ги чуваме во зимскиот период, ги негуваме и ги размножуваме во пролет – објаснува Весна.

Ова е царство на боите – сардели во различни нијанси, петунии, копривки, џунџулиња, три јатрви, кали, кактуси, бегонии, помпаси, и многу други видови, а најмногу ги има трендафилите, розите, околу сто корени, во разни бои.

Има и домашни цвеќиња, меѓу кои и орхидеи, дрво на животот, палма, драцена, адам, бамбус…

Во градината пак, покрај бројните цвеќиња има и многубројни овошни дрвја – јаболка, круши, вишни, сливи, лешници, дуња, кајсија, па се до арноја, малини и јаготки. Која убавина!

Весна ни раскажува дека секојдневните обврски со дворот одземаат најмалку по еден час, а одвреме навреме потребно е повеќе време за прихрана и косење трева.

– За сонце најиздрживи се сарделите, трендафилите, џинџулињата, а сите други се понежни и бараат шарена сенка – вели Весна. Додава дека за нив најголем предизвик е тоа што, после целата посветеност, вредна е секоја глетка и чувство на задоволство.

Совет од Весна за сите оние што би сакале да започнат да се бават со одгледување цвеќе – „ Мислам дека најважно е да се има љубов за цвеќето, а доколку некој сака да започне со одгледување, би советувала да започне со цвеќиња кои се поиздржливи на надворешните влијанија заради стекнување на искуство за понатамошно одгледување и на понежни видови цвеќе – советува таа.

Инаку, Весна е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Но не само во пролетниот и летниот период, во овој двор сите годишни времиња имаат своја бајка.

Погледнете колку се убави и есента и зимата.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) По 40 години во Германија, се вратија во Македонија, „Поубаво од тука нема, спокој, двор, цреши…“, Трајанка и Тамуш ја раскажаа нивната приказна

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо
Се вчитува....