16:53 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Среќни заедно“: Тамара Тодевска сподели емотивен момент со своите деца

Нашата пејачка Тамара Тодевска сподели емотивен момент од летниот одмор со своите деца, Хана и Дарен.

На фотографијата објавена на нејзиниот Инстаграм, пејачката е опуштена на лежалка покрај плажа во Грција, додека нејзините две деца се стуткани во нејзината прегратка. Насмеана и видно расположена, пејачката ужива во семејната атмосфера.

Во позадина на објавата свири безвременскиот хит „Happy Together“ од „Тртлс“, песна која совршено ја доловува пораката за љубов, блискост и заедништво.

Иако е една од најангажираните домашни музички ѕвезди, Тамара секогаш наоѓа време за своето семејство. Во моментов, таа е на одмор со сестра ѝ Тијана Дапчевиќ и со нивните семејства.

Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“, таа отворено зборуваше за своите деца и за она што научила од нив.

„Ме научија да уживам во едноставните работи, во еден обичен ден, момент… дека не треба нешто големо да се случи за да се чувствуваме среќни. Еве, ова интервју го одговарам од плажа, додека тие пливаат пред мене и премногу сум благодарна за овие моменти. Ми донесоа спокој и мир што многу ми требаа. На дневно ниво јас не им делам лекции, но им кажувам дека мора да споделуваат, да се поддржуваат и да бидат свои. По учебник не можеш да ги воспитуваш, но тоа што го гледаат е доволно. Се обидувам да им овозможам многу и сакам да бидат среќни и безгрижни“, изјави поп-ѕвездата.

Тамара додаде дека најдрагоцените совети ги слуша од домашните, од целата фамилија, но и од нејзините соработници со кои професионално соработува.

„Сум добивала и секојдневно добивам корисни совети и насоки. Дел ги прифаќам, дел не, некогаш грешиме, некогаш сме во право… но, тоа е животот. Лично верувам и во интуиција и знам да се потпрам на истата. За моја среќа, во последниов период некако сѐ си е на свое место“, рече пејачката која го промовира албумот „Кукла жива“ за кој рече дека е нејзиното најзрело издание.

На 3 октомври, таа ќе одржи концерт во Скопје, во Арената „Борис Трајковски“.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....