00:57 - 12 ноември, 2026

(Фото) Среќни и лудо вљубени: Новак и Јелена прегрнати, нивните насмевки зборуваат повеќе од 1.000 зборови

јелена новак ѓоковиќ

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ со години уживаат во својата љубов која, се чини, секој ден е сè поголема и посилна.

Јелена често може да се види на трибините и во ВИП ложата како срдечно го бодри Новак на најважните тениски натпревари, а во слободното време, кога немаат други обврски, се трудат да бидат сама и да се одмораат далеку од очите на јавноста.

Така вчера споделија прекрасна фотографија направена покрај вода, на која ги гледаме заедно насмеани и среќни. Новак бил задолжен за снимањето на овој момент, а Јелена му „паднала“ во прегратка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Своите емоции кратко ги опишале со само еден емотикон црвено срце, кое го ставиле во описот на фотографијата, а коментарите не престануваат да се нижат.

Нивните насмеани лица зборуваат многу повеќе и без сомнение докажуваат колку се сакаат.

Како што можеме да видиме и двајцата биле лежерно облечени. Јелена се одлучила за класично, црно палто и за лежерна фризура во пунџа, додека лицето од сонцето го сокрила со помош на очила, а Ноле носел светла кошула и џемпер во крем боја.

 

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....