12:56 - 5 декември, 2025

(Фото) Сите се „уловија“ на Том Круз, а Шакира е „уловена“ на втора средба ама со Луис Хамилтон: Овојпат на јахта!

Вечерата на Шакира и Луис Хамилтон по Гран прито на Мајами во Ф1 е една од жешките теми оваа недела. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа колумбиската пејачка во ресторанот Cipriani во друштво на седумкратниот светски шампион во Формула 1. Покрај тоа, за време на трката, таа беше забележана и како разговара со Том Круз. Па фановите останаа збунети, а медиумите известуваа дека Круз е веќе „сварен“ за Колумбијката.

Пред само неколку дена (на 8 мај) пејачката облече секси тесен црн фустан и била во приватна просторија, каде што поминала весела вечер со возачот на Мерцедес.

Се чинеше дека никој до средата не знаеше дали ѕвездите се познаваат претходно или дали имаат заеднички пријатели. Но, сега веќе се е јасно.

Потврдено е дека Шакира повторно се сретнала со Хамилтон. „Сан“ и „Дејли Мејл“ објавија фотографии на кои се гледа како таа се качува на јахта на брегот на Мајами, заедно со пилотот на Формула 1 и неколку негови пријатели.

Сепак, она што е највпечатливо е ставот на кантавторката. Таа е насмеана, многу расположена и размуабетена, нешто што не се случуваше многу често во последните месеци во Барселона.

Останува да видиме дали Хамилтон е причината поради која е среќна или поради објавувањето на нејзиниот нов сингл „Акростико“ најавуваќи нов успех на музички план.

Во текот на целава недела Шакира беше поврзувана и со ѕвездата Том Круз, со кој беше видена како насмеана разговара во ложата на Формула 1 во Мајами. Според блиско лице на пејачката, Шакира одлично се забавувала со познатиот актер минатата недела. И покрај тоа, таа наводно не размислува да изгради посериозна врска со Том, освен пријателство – кое веќе трае со години.

„Шакира одлично се забавуваше дружејќи се со Том на Ф1, но таа нема интерес да излегува со него“, изјавил извор за „US Weekly“.

Можеби, навистина пејачката преферира спортисти.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....