8.8 C
Скопје
20:18 - 19 февруари, 2026

(Фото) Сите луди за Џони Деп, спасен од телохранители додека толпата навалува

Процесот добиен против поранешната сопруга Амбер Херд го врати поранешниот Пират од Карибите во центарот на вниманието: „Каде и да оди, го напаѓаат фановите“. Последната епизода се случи пред хотелот Гранд во Бирмингем, каде што – со шолја кафе во рака – беше заштитен од безбедносните службеници (а фотографиите станаа вирални).

Дванаесет милиони следбеници за помалку од четири дена. Џони Деп е најголем хит на ТикТок  откако ја доби тужбата против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд: приказна што го врати во центарот на вниманието, имајќи предвид и дека судењето долго се одвиваше пред камерите. Сведоштва, откритија, разни обвинувања, па се до пресудата на судијата минатата недела, која актерката ја осуди на отштета за клевета.

„Поротата ми го врати животот“, рече Деп, кој не беше во судницата во Вирџијанија и ја слушаше пресудата од Велика Британија кадешто имаше серија концерти. И токму во Њукасл, каде што беше на настап во живо, отиде да прослави со гитаристот Џеф Бек и британскиот рокер Сем Фендер: со капа и очила за сонце во паб, за да не биде препознаен од армијата обожаватели.

Многу поинаку помина пред три дена, во Бирмингем, кога голема толпа обожаватели го чекаше пред хотелот Гранд, каде што Деп престојуваше. Присутните формираа речиси човечки ѕид пред хотелот. Како што објаснува Пејџ Сикс  обезбедувањето морало да стапи во акција, помагајќи му на Џони да излезе од објектот кој беше опкружен со обожаватели.

Фановите буквално го зграпчиле: еден го повлекол за десната рака, речиси го извлекол надвор, другиот бил блиску до него од левата страна. Во меѓувреме, актерот, со разбушавена коса  и очила за сонце, држејки шолја кафе едвај успеал да се извлече и тоа благодарение на обезбедувањето од хотелот.

„Каде и да оди, наидува на „напади“ од обожавателите“, изјави извор за PageSix. Секако, помеѓу победничкиот судски случај и роденденот, сега е неговото време.

Слични објави

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо
Се вчитува....