Сања Маринковиќ отиде на одмор, па со своите следбеници на Инстаграм споделува прекрасни сцени од егозтичната дестинација.
Водителката на Пинк ги посетува прекрасните острови на Карибите, а покрај фантастичните пејзажи во природата, вниманието го привлече и нејзиното извајано тело.

Сања влегува во шестата деценија од животот, а многу жени би ѝ завидувале на изгледот.
Црното бикини во кое позираше го истакна нејзиното бујно деколте, но и нејзиниот тенок струк, мускулест стомак и долги нозе. Сцената никого не остави рамнодушен.
Познатата водителка откри и како се грижи за своето тело. Таа обично започнува во теретана, а додека трча на лента за трчање, пие пијалак што никој не би помислил да го пие додека вежба.
– За мене, ова е најдобриот почеток на денот. Ако не сте знаеле, еспресо кафето го забрзува процесот на согорување на мастите за време на аеробните вежби. Пробајте го – напиша Сања Маринковиќ во една прилика и откри што ѝ помага по тренингот.

– По тренингот, ергономски масажер со ролер против целулит, течности и воспаленија е задолжително – рекла таа.

