5.8 C
Скопје
06:39 - 1 април, 2026

(Фото) Прва средба на Летиција и Џил Бајден; кралицата во креација во фламенго стил

Кралицата и првата дама на Америка за прв пат се сретнаа во Мадрид во пресрет на самитот на НАТО. Двете жени со својот изглед јасно ѝ оддадоа почит на Шпанија: Џил Бајден беше облечена во црвено, додека Летиција за прв пат носеше креација на Севилијанецот Хозе Идалго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

Летиција од Шпанија и Џил Бајден, можност за фотографирање што станува совршена разгледница од Шпанија. Кралицата ја пречека американската прва дама во палатата Зарзуела со црн фустан со бели точки од севилскиот дизајнер Хозе Идалго познат по своите креации инспирирани од фламенко модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)

Џил Бајден пак, за оваа прилика носеше црвен костум со златни копчиња, оддавајќи почит на кралицата преку нејзината омилена нијанса, но од друга страна – симболична боја на земјата која е домаќин во наредните денови.

Ова беше првпат двете жени да се сретнат лице в лице и тоа го направија во пресрет на самитот на НАТО што се одржува во Мадрид од 28 до 30 јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by José Hidalgo (@josehidalgomoda)

За модниот дизајнер Хозе Идалго оба е деби на теренот на Летиција.

Кралицата напорно работи на стилот и својата гардероба со тоа што вклучува не само фустани од минатото или кои ѝ припаѓале на нејзината свекрва, кралицата Софија, туку додава некои нови имиња на списокот на шпански дизајнери претставувајќи ги преку креациите што ги носи, низ светот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....